Јолевски го информира Нимиц за македонските позиции

Њујорк, 14 ноември (МИА) - Македонија се залага за заемно прифатливо решение за прашањето за името што ќе го зачува идентитетот, достоинството и интегритетот на македонските граѓани и ќе се базира на принципите на меѓународното право и евроатланстките вредности.

Ова на медијаторот Метју Нимиц му го пренел македонскиот преговарач за името, амбасадорот Зоран Јолевски на синоќешната средба во Њујорк.

Македонската страна останува активно, конструктивно и интензивно ангажирана во разговорите за решавање на прашањето. Македонија очекува Грција да ја почитува билатералната Привремена спогодба од 1995 година и да не ја попречува нејзината интеграција во евро и евроатланстките структури. Почитувањето на одредбите од Спогодбата, укажал Јолевски, ќе придонесе за создавање позитивна клима за решавање на спорот.

Ден претходно, Нимиц се сретна и со грчкиот преговарач Адемантиос Василакис, кој му ги соопштил ставовите на Владата на Јоргос Папандреу за прашањето за името. Василакис по средбата изјави дека Грција останува на позицијата за сложено име со географска одредница за севкупна употреба како најсоодвтено решение за спорот и оти без негово затворање Атина не може да се согласи да почнат пристапните преговори на Макеоднија со ЕУ. Ги отфрли медиумските тврдења дека грчката страна била подготвена на отстапки од т.н „црвени линии“ за да се реши спорот.

По средбите со Јолевски и со Василакис, посредникот на ОН Метју Нимиц, како што најавуваат грчките медиуми, треба да закаже нова заедничка средба со претставници на двете земји, најверојатно во текот на наредната недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...