Средбата со Папандреу позитивен импулс за меѓусебните односи

Скопје, 25 ноември (МИА) - Премиерот Никола Груевски на средбата во петок со грчкиот премиер Јоргос Папандреу во Преспа не очекува да се реши прашањето за името, но смета дека таа ќе даде позитивен импулс за меѓусебните односи.

- Очекувам пријатен разговор, дијалог, размена на мислење и таа средба да придонесе за подобрување на севкупната атмосфера меќу двете држави, Република Македонија и Република Грција. Немам очекувања дека на средбата ќе ги решиме напластените проблеми, нерешени 18 години, но очекувам дека таа ќе даде еден позитивен импулс во нашите односи, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен темелник на детска градинка во општина Аеродром.

Таквите очекувања, како што оцени, не се песимистички, забележувајќи дека „некој се обидува на сила да ги крене очекувањата од средбата“.

- Официјално, средбата во Преспа е за климатските промени и проблемите поврзани со тоа, меѓутоа на маргините на таа средба ние ќе се обидеме да разговараме за сите работи што не засегаат и кои ни се важни, истакна премиерот.

Запрашан со какви позиции ќе настапи на средбата со Папандреу, Груевски одговори дека тие се познати и ги има во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа што прави Македонија за да добие датум за преговори со ЕУ, шефот на македонската Влада истакна дека  земјата вложува максимум како што правела и до добивањето на позитивниот извештај од ЕК, а тоа ќе го прави и во иднина. Покрај вложување максимални напори преку реформи, проекти..., тоа ќе го правиме и преку лобирање и дијалог со сите кои можат да и помогнат на Македонија за затворање на сите прашање кои не оптоваруваат, изјави премиерот Груевски.

- Се обидуваме да дојдеме и до решение на тој проблем, но тоа не зависи само од нас. Тоа што зависеше само од нас го завршивме. Од нас зависеше да ги завршиме реформите,  да исполниме многу стандарди на политички и на економски план. И тоа што зависеше само од нас ние го завршивме, сега се соочуваме со ситуација која зависи од нас, но и од некој друг. Она што зависи од нас ќе го направиме со наш максимален капацитет, но она за што зависи од друг не можам да гарантирам. Ќе направиме се што можеме да го убедиме и другиот, да влезе во една ситуација во која заеднички ќе го решаваме проблемот, но не можам да гарантирам за друг, изјави македонскиот премиер.

Запрашан за коментар за ТВ снимката со изјава на Љубе Бошкоски, рече дека “бил згрозен од неа и оти не сака да каже ништо лошо за  него“. - Тој прави толку многу постапки што се лоши за него што мислам дека нема потреба да му се додава повеќе. Многу лоши работи прави самиот за себе, додаде Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...