Почна трилатералната средба Папандреу-Груевски-Бериша

Пили, 27 ноември (МИА) - Премиерите на Грција, на Македонија и на Албанија, Јоргос Папандреу, Никола Груевски и Сали Бериша, попладнево во местото Пили на грчкиот дел од Преспа, ја почнаа трилатералната средба посветена на климатските промени, јави известувачот на МИА.

Целта на средбата што ја иницира шефот на грчката Влада, е да се разгледаат можностите за соработка во насока на заштита и развој на природниот резерват во околината на Преспанското Езеро. Се очекува на средбата која се одржува во пресрет на Глобалниот самит за климатски промени во Копенхаген да биде усвоена декларација за реализирање на заеднички активности за мониторинг на водите, инвестиции за нови технологии во земјоделството и за механизми за чист развој.

Ваквата регионална соработка е зацртана и во Кјото протоколот чиј потписник се сите трите земји, а кој ќе биде тема на претстојната Глобална конференција во Копенхаген. На иницијатива на грчката министерка за екологија се предвидува потпишување договор меѓу Грција, Македонија и Албанија за заштита на Преспа-паркот. Договорот би требало да се потпише во февруари 2010 година на 10-годишнината од првата заедничка Декларација меѓу трите земји во која тие се заложија за заштита на еко-системот во регионот на Преспа.

Трилатералниот состанок е во сенка на тет-а-тет средбата Груевски - Папандреу, на која се очекува двајцата премиери да разговараат за прашањето за името и за очекувањата од декемврискиот Самит на ЕУ на кој ќе се одлучува за датум за почеток на преговорите на Македонија со Унијата. Според грчките медиуми, еколошкиот карактер на средбата е само повод за неформалните разговори во врска со долгогодишниот спор меѓу Атина и Скопје околу уставното име на Република Македонија. 

Средбата во Пили ја следат повеќе  од сто новинари од Грција, Македонија и Албанија, кои за неа ќе треба да известуваат од локација оддалечена осум километри од местото каде што се состануваат премиерите, со кои ќе немаат директен контакт.

Во пресрет на денешната втора средба на двајцата премиери што ќе се одржи вечер околу 19 часот, нема големи очекувања ниту во Скопје ниту во Атина дека е можно затворање на проблемот.

Премиерот Груевски во средата изјави дека во Преспа не очекува да се реши прашањето за името, но смета дека средбата ќе даде позитивен импулс за односите меѓу двете земји.

- Очекувам пријатен разговор, дијалог, размена на мислење и таа средба да придонесе за подобрување на севкупната атмосфера меѓу двете држави. Немам очекувања дека на средбата ќе ги решиме напластените проблеми, нерешени 18 години, но очекувам дека таа ќе даде еден позитивен импулс во нашите односи, изјави Груевски.

Македонија, како што објавија деновиве дел од медиумите, повикувајќи се на владини извори, се залага за заемно прифатливо решение, без промена на Уставот и на националниот и јазичниот идентитет, кое би било ставено на референдум на кој граѓаните ќе го кажат конечниот збор. Македонската страна смета и дека Грција треба да се придржува до одредбите од Привремената билатерална спогодба од 1995 година и да не го попречува зачленувањето на Македонија во меѓународни организации.

Големи очекувања од средбата нема ниту грчката страна. Заменик-шефот на дипломатијата Димитрис Друцас, изјави дека состанокот на Папандреу и Груевски во Преспа не значи менување ниту нарушување на процесот за решавање на разликите околу името што се води под покровителство на ОН.

- Неформалната средба во Преспа е доказ дека двајцата премиери му даваат поголемо значење на прашањето за името, но тоа не значи почеток на директни преговори, рече Друцас, повторувајќи ги грчките „црвени линии“ - едно име со географска одредница за севкупна употреба. Решавањето на името, Грција го става како предуслов за отворањето на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, заканувајќи се со ново вето по примерот со НАТО на Самитот во Букурешт.

Поголем оптимизам искажаа меѓународните претставници кои во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ на 7 декември сугерираа директни контакти меѓу двете страни за да се стави крај на 18 годишниот спор.

Шведскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ЕУ Карл Билт, кој синоќа ненајавено дојде во Скопје на средба со Груевски, пред неколку дена порача премиерите на Грција и на Македонија да влезат во директни преговори за да се дојде до решение, по што потребната техничка поддршка би ја обезбедил медијаторот на Обединетите нации.

Најавената средба на Груевски и Папандреу е можност за дијалог и шанса преговорите за името да се движат кон подобро, смета американскиот амбасадор Филип Рикер.

Еврокомесарот за проширување Оли Рен, пак, во завчерашното обраќање пред Европскиот парламент, оцени дека Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ и оти се уште постои можност да се реши проблемот со името до декемврискиот самит на Унијата, што би ги зголемило шансите за добивање датум.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...