Средба Груевски - Папандреу

Пили, 27 ноември (МИА) - Премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу попладнево  во местото Пили на грчкиот дел од Преспа ја почнаа тет-а-тет средбата, на која се разговара за прашањето за името и за очекувањата од декемврискиот Самит на ЕУ, на кој ќе се одлучува за датум  за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата, јави известувачот на МИА.

Премиерот Груевски во средата изјави дека во Преспа не очекува да се реши прашањето за името, но смета дека средбата ќе даде позитивен импулс за односите меѓу двете земји.

Големи очекувања од средбата нема ниту грчката страна. Заменик-шефот на дипломатијата Димитрис Друцас, изјави дека состанокот на Папандреу и Груевски во Преспа не значи почеток на директни преговори, ниту нарушување на процесот за решавање на разликите околу името што се води под покровителство на ОН.

Поголем оптимизам искажаа меѓународните претставници кои во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ на 7 декември сугерираа директни контакти меѓу двете страни за да се стави крај на 18 годишниот спор.

На средбата која се одржува на маргините од трилатералниот состанок за климатските промени ќе биде искажан интерес за воспоставување локален режим на движење во пограничните зони на Република Македонија и Република Грција, врз основа на донесената регулатива на Европската унија.

Меѓу другото, како што информираат од македонската делегација, ќе бидат покренати иницијативи за развивање прекугранична соработка со отворање на нови гранични премини и тоа Маркова Нога – Герман, кој што ќе биде во функција на европаркот „Преспа“, новиот премин Пулевец – Артеја со кој би се дефинирал еко-регионот меѓу Кавадарци и Артеја.  Во план се и ревитализација, односно ставање во функција на преминот Битола – Лерин и на железничката пруга меѓу двата града, како и на преминот Николиќ – Стар Дојран.

По средбата не е предвидена прес – конференција, но новинарите очекуваат информации од релевантен извор по нејзиното завршување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...