Владата не размислува за промени во Законот за пушење

Скопје, 14 јануари (МИА) - Владата на Република Македонија не размислува за промени на Законот за заштита од пушење и покрај најавените протести на угостителите за 22-ри овој месец со затворање на нивните локали, рече вицепремиерот Владимир Пешевски  на денешната прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој појасни дека Македонија не е првата, ниту, пак, ќе биде последната земја која се одлучи за целосно спроведување на забраната за пушење на јавни места и додаде дека економските анализи укажуваат оти има позитивни ефекти од нејзиното воведување. 

- Долгорочните ефекти на економијата од ваквите мерки се секогаш позитивни иако краткорочно е можно намалување на профитот во угостителските објекти, истакна вицепремиерот Пешевски.

Прашан дали Владата планира да направи промени во Стратегијата за привлекување странски инвестиции, вицепремиерот задолжен за економски прашања рече дека промени во континуитет се прават само во пристапот кон привлекување инвестиции.

- Нема промени во Стратегијата, туку во пристапот кон привлекување странски инвестиции. Такви промени и досега во континуитет се правеле, а ќе продолжиме да ги правиме и во иднина, посочи вицепремиерот Пешевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...