Регистрирани прекршувања на Законот за заштита од пушењето

Скопје, 16 јануари (МИА) - Од направени 1.350 инспекциски надзори во угостителските објекти (кафе барови, ноќни клубови, дискотеки и други објекти каде се послужува и консумира храна) во повеќе градови низ Македонија, инспекторите регистрирале само две прекршувања на Законот за заштита од пушење.

Државните пазарни инспектори во Куманово, затекнале две физички лица против кои е изречена глоба и е издаден налог за наплата на самото место, во износ од 100 евра. Против правното и одговорното лице се преземени соодветните законски мерки. Во случај на нивно неприфаќање, против сторителите на прекршокот ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка. Прекршување на Законот, од страна на Државниот пазарен инспекторат е забележано и во угостителски објект во Гостивар од страна на едно физичко лице.

Законот се применува и во државните управи, локалните самоуправи и другите јавни претпријатија. Од извршени 208 надзори трудовите инспектори не затекнале ниту едно физичко лице да пуши во работни простори. Утврдени се само недостатоци за не истакнат знак за забрана за пушење и немање лице задолжено за контрола, за што се издадени 19 решенија.

Угостителите незадоволни од Законот, за 22 јануари најавија протест со затворање на нивните во време траење од 24 часа. Тврдат дека од почетокот на неговата примена драстично е намалена посетеноста на угостителските објекти и приходите, поради што најавуваат и намалување на бројот на вработени. Угостителите бараат прилагодување на Законот и во затворениот дел да има поделба на зони за пушачи и непушачи.

Владата пак не размислува за промени на Законот за заштита од пушење и покрај најавените протести на угостителите. Според вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, Македонија не е првата, ниту, пак, ќе биде последната земја која се одлучи за целосно спроведување на забраната за пушење на јавни места.

Економските анализи, како што појасни, укажуваат на позитивни ефекти од нејзиното воведување, иако краткорочно е можно намалување на профитот во угостителските објекти.

Примената на Законот за заштита од пушење, почна на 1 јануари годинава, а со него целосно се забранува пушењето во кафеани, ноќни барови, кафе-барови, диско-клубови...., но освен во затворено цигара нема да може да се запали и на терасите, шанковите и во летните бавчи, односно секаде каде што се служи храна и пијалаци.

Пушењето не е забрането само во домовите на луѓето, на отворен простор и на јавни површини доколку не се одржуваат спортски натпревари, културни и забавни манифестации, собири и други јавни настани. Тогаш пушачите ќе мора да се воздржат и цигара да запалат по завршување на манифестацијата или собирот.

Пушачите за непочитување на Законот ќе платат од 150 до 300 евра, а казните за непочитување од угостителите и фирмите се од 2.500 до 4.5000 евра, додека за одговорните лица е од 100 до 300 евра. Според Законот за угостителска дејност, предвидено е и затворање на објект во траење од 30 дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...