Нимиц на 23 февруари во Скопје, на 26 во Атина

Атина, 11 февруари (МИА) - Посредникот на ОН во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц на 23 и 24 февруари ќе го посети Скопје, а на 26 Атина, потврди денеска портпаролот на Светската организација Ванина Маестрачи.

Нимиц доаѓа во Македонија и во Грција на покана од владите на двете земји, стои во кусото соопштение од прес-службата на ОН.

Пред официјалната потврда на термините, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Григорис Делавекурас денеска на средба со новинарите најави дека медијаторот се очекува во Атина во последната седмица од месецов.

Делавекурас  рече дека Грција сака прашањето за името да се реши што побрзо и оти очекува „креативен пристап и од другата страна“. Според него, решение за спорот за името е можно, но, како што посочи, “тоа првенствено зависи од политичката волја на Скопје“.

- Обострано прифатливо решение би и ги отворило евроатлантските перспективи на поранешната југословенска Република Македонија, изјави Делавекурас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...