Нов одрон повторно го блокира патот Маврово - Дебар

Регионалниот магистрален патен правец Маврово - Дебар, во близина на манастирот Св. Јован Бигорски повторно е блокиран, поради две лавини од снег и одрони од земја.
Едната е регистрирана на половина километар од бензинската пумпа, во близина на месноста Коцево Анче, а другата на двесте метри во правец кон Дебар. Првиот одрон се урнал на коловозот околу 14 часот.

Во телефонскиот разговор со лицата кои се уште работат на теренот на расчистување на одронот, кој минатата недела го блокира сообраќајот во долината на Радика, нема информации дали под големиот нанос има настрадани. Од очевидци, пак, има информации дека едно возило било зафатено од наносот од снег.
Во моментов екипите за расчистување се упатиле кон новите одрони за да ја утврдат состојбата и да интервенираат.

Од АМСМ потврдија дека поради новото лизгање на земјиштето, сообраќајот за сите видови на возила е повторно затворен на овој патен правец, а екипи на Македонија пат интензивно работат на расчистување на патниот правец.

Голем одрон, земја, снег и дрва долг 500 метри, а висок седум метри, минатиот четврток се урна на патот Маврово - Дебар, во близина на Св. Јован Бигорски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...