Државниот врв на координација пред посетата на Нимиц

Скопје, 22 февруари (МИА) – Државниот врв денеска на средба кај претседателот Ѓорге Иванов ќе ги координира позициите пред утрешната посета на посредникот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц на Република Македонија.

Претседателот Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Абдулаќим Адеми и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски ќе разговараат за очекувањата од средбата со Нимиц, кој по Македонија, на 26 февруари треба да ја посети и Грција.

Засега нема информации дали медијаторот по пауза од седум месеци доаѓа во Скопје и во Атина со нови предлози или останува на „сетот идеи“ предложени во октомври 2008 година.

Груевски вчера најави дека од тоа што ќе го презентира Нимиц ќе зависи дали ќе биде свикана и поширока лидерска средба.

- Доколку господинот Нимиц дојде со некои поконкретни идеи можеби ќе свикаме проширен состанок. Се зависи од тоа како ќе настапи Нимиц, дали ќе настапи со некои поконкретни идеи поврзани со барање на решение за проблемот или, пак, ќе дојде на консултативна средба. Од тоа ќе зависи и какви ќе бидат нашите чекори, рече премиерот.

Посредникот на ОН последен пат ги посети Скопје и Атина во јули лани, по што привремено ги замрзна разговорите поради изборите во Грција. Иако најави нивно продолжување и динамизирање веднаш по формирањето на новата грчка Влада, во изминатите месеци немаше никакви јавни активности. Неговата канцеларија неколкупати информира дека тој одделно комуницирал со секоја страна, но ќе ги поканел на заедничка средба „ако и кога ќе верува, или кога двете страни ќе веруваат, дека таа би била корисна“.

Метју Нимиц доаѓа во Македонија по минатонеделните посети на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, на европратеници и американски конгресмени, кои без исклучок побараа побрзо решавање на прашањето за името.

По интензивните средби со европските и американските политичари премиерот Груевски потврди дека има притисок и врз Македонија  и врз Грција во врска со прашањето за името.

- Сите претставници на меѓународната заедница повеќе или помалку се обидуваат да вршат притисок на двете страни. Во Република Македонија тоа им оди малку полесно зашто Грција е членка на ЕУ и НАТО и е поголема и помоќна држава. Има притисок и заинтересираност од меѓународната заедница се со цел да се дојде до решение за проблемот за името кое што ќе биде прифатливо и за двете држави, вклучувајќи ги и граѓаните на Република Македонија, вели македонскиот премиер.

Пред посетата на Нимиц на Атина се огласи и заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас. Во интервју за „Зидојче цајтунг“, вели дека Грција сака да се најде решение за името, но истовремено ја повторува грчката „црвена линија“ - име со географска одредница за севкупна употреба. Друцас признава и дека многу европејци не ја разбираат грчката позиција и сметаат дека Атина го користи спорот за името да ја блокира евроинтеграцијата на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...