Македонија е конструктивна и отворена за решавање на името

Скопје, 23 февруари (МИА) - Широко сме отворени, со  позитивен и максимално конструктивен пристап за  наоѓање решение за проблемот за кој денеска е дојден посредникот Метју Нимиц во Македонија, изјави премиерот Никола Груевски во врска со посетата на медијаторот на Обединетите нации.

Премиерот не ги кажа своите очекувања од средбата со Нимиц, оценувајќи дека е неблагодарно да прогнозира додека е тој  во Скопје и додека траат  разговорите.

- Би се задржал на изјавата на Милошоски од синоќа - се надеваме дека неговото сегашно и идните негови присуства ќе дадат одреден резултат и придвижување на процесот. За детали се надевам тој денеска и утре ќе даде изјави, да не прејудицирам додека е тој дојден во Македонија. Да оставиме денеска како ќе течат разговорите. Не сме на две недели пред неговото доаѓање или две недели по неговото доаѓање. Тој е во Скопје, во нашите институции, во текот на денот тој сигурно ќе даде информации,  изјави претседателот на Владата по посетата на ОУ „Коле Неделковски“.

Груевски рече дека не планира предвремени избори, ниту реконструкција на Владата.

- Немаме намера да одиме на предвремени избори, тоа сме го кажале повеќе пати. Рејтингот не е нешто на што сме фокусирани. За мене е најважно да ги исполниме ветувањата кои сме ги дале во програмата. Обврската со ова е уште и поголема, истакна премиерот, одговарајќи на новинарско прашање дали високиот рејтинг од најновата анкета ќе го мотивира за предвремени избори.

Во врска со набавката на нова медицинска опрема, тој демантираше шпекулации дека тендерот нема да успее или дека ќе се одолжи рокот.

- Ниту ќе се откажеме од дел од опремата. Вчера беше презентирана медицинската опрема и апаратите планирани за набавка и таа вчера се потпиша. Ниту, пак, очекувам сериозно доцнење. Компаниите имаат преземено обврска по договор, доколку  се случи доцнење тие би плаќале пенали за тоа. Како е договорено за секој од апаратите и опремата, така тие ќе пристигнуваат во Македонија и веднаш  ќе се дистрибуираат во центрите за што стручните тимови претходно дадоа мислење кое Владата го усвои. За некои е предвидено да стигнат за два месеца, за некои за три, четири, шест месеци. Повеќето се до крајот на оваа година, само еден или два апарата се предвидени за следната година,  т.е. 12 месеци по потпишувањето на договорот, додаде премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...