Нимиц ќе му ги презентира новите идеи на Груевски

Скопје, 24 февруари (МИА) - По вчерашните средби со претседателот Ѓорге Иванов и со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, посредникот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц денеска ќе се сретне со премиерот Никола Груевски.

Нимиц вчера изјави дека не носи нов предлог, но има идеи кои можат да го придвижат процесот.

- Не носам предлог. Мислам дека е многу важно да разговараме и да видиме до каде сме стигнати, но имам идеи за придвижување на процесот. Сметам дека е многу важно да се забрзаат разговорите и да се донесат одредени одлуки, изјави медијаторот пред средбата со Милошоски.

Пред новинарите не сакаше да прецизира за какви идеи станува збор, но му ги презентирал на претседателот Иванов, кој , пак, го запознал со позициите и начините како може да се работи на изнаоѓање на решение согласно резолуциите на Обединетите нации.

Според Нимиц, страните можат да постигнат решение за името за релативно кратко време. Решение за ова прашање, вели посредникот, сака да види и меѓународната заедница, бидејќи тоа не е само билатерално и регионално, туку и повеќедимензионално.

Премиерот Груевски во пресрет на срдбата со Нимиц вчера изјави дека македонската страна е широко отворена, со  позитивен и максимално конструктивен пристап за  наоѓање решение. Не ги кажа своите очекувања од средбата со Нимиц, оценувајќи дека е неблагодарно да прогнозира додека е тој  во Скопје и додека траат  разговорите.

- Се надеваме дека неговото сегашно и идните негови присуства ќе дадат одреден резултат и придвижување на процесот, рече Груевски.

Метју Нимиц в петок ќе ја посети и Атина каде што ќе се сретне со премиерот Јоргос Папандреу и со алтернативниот министер за надворешни работи Димитрис Друцас.

Нимиц последен пат ги посети Скопје и Атина во јули лани, по што привремено ги замрзна разговорите поради изборите во Грција. Иако најави нивно продолжување и динамизирање веднаш по формирањето на новата грчка Влада, во изминатите месеци немаше никакви јавни активности. Неговата канцеларија неколкупати информира дека тој одделно комуницирал со секоја страна, но ќе ги поканел на заедничка средба „ако и кога ќе верува, или кога двете страни ќе веруваат, дека таа би била корисна“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...