Ова е вистинското време за решавање на прашањето за името

Скопје, 24 февруари (МИА) - Ова е вистинското време за да се реши прашањето за името, нагласи посредникот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц, по денешната средба со премиерот Никола Груевски.

Нимиц повтори дека во Скопје не донел пишан документ, ниту план.

- Како што знаете во изминатите години дадов многу предлози, од кои многу се уште се на маса и беа тема на разговор и би можело да бидат дел од решението, рече тој. Делови од решението се добро познати, но сепак, подвлече Нимиц, се уште нема целосно решение.

Многу сериозен и конструктивен пристап од македонскиот државен врв за ова прашање од национално значење, кое има импликации и на регионот и на Европа, оцени посредникот во македонско-грчките разговори за името по дводневниот престој во Македонија и средбите со државниот врв.

- Имав интензивни разговори за прашањето за името. Видов многу силно чувство и желба да се реши проблемот. Се надевам дека врз основа на разговорите тука и во Атина ќе го интензивираме процесот кој беше забавен во последните месеци и да видиме дали има шанса за решавање на прашањето за името кое трае премногу долго на меѓународната агенда, изјави Нимиц.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има временска рамка за решавање на името имајќи ги предвид роковите кои се споменуваат од меѓународната заедница, Нимиц дециден дека ова е вистинското време за да се реши прашањето. Според него, решението треба да дојде колку е можно побрзо, затоа што, како што рече, Владите на двете земји се сериозни и во можност да го решат ова прашање, а меѓународната заедница се надева дека ќе се дојде до решение.

Очигледно, посочи медијаторот, позициите се различни и потребни се напори од двете страни за да се дојде до заедничка позиција. - Ќе видам каква е ситуацијата во Атина и ќе видиме што понатаму, додаде Нимиц.

Одговарајќи на прашањето дали покрај за името се разговара и за идентитетот, Нимиц потенцира дека според него клучно е прашањето за името на државата, што произлегува од резолуциите на ОН и привремената спогодба.

- Со текот на годините излегоа и други прашања, но мислам дека ова се прашања кои можат да се сметаат како споредни во однос на прашањето за името, рече посредникот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц, кој по Скопје на 26 февруари ќе ја посети и Атина.

Посредникот на ОН последен пат ги посети Скопје и Атина во јули лани, по што привремено ги замрзна разговорите поради изборите во Грција. Иако најави нивно продолжување и динамизирање веднаш по формирањето на новата грчка Влада, во изминатите месеци немаше никакви јавни активности. Неговата канцеларија неколкупати информира дека тој одделно комуницирал со секоја страна, но ќе ги поканел на заедничка средба „ако и кога ќе верува, или кога двете страни ќе веруваат, дека таа би била корисна“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...