Скопје, 25 февруари (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Украина, Виктор Јанукович.
За време на престојот во Украина, предвидено е претседателот Иванов да има куса билатерална средба со претседателот Јанукович, како и средби со други учесници на инаугурацијата.