Средба Груевски - Папандреу во Брисел

Брисел, 25 март (МИА) - Позициите  на Македонија и на Грција за прашањето за името остануваат различни во најголем дел и по денешната средба на премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу во Брисел.

Тоа го потврди шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во изјавата за медиумите по 25-минутните тет-а-тет разговори Груевски – Папандреу.  Сепак, според него,  добро е што на вакви средби има можност да се дискутира за позициите и за целото прашање. Смета дека ваквите дискусии и дијалози може да придонесат значително за поголемото разбирање, подобра атмосфера и евентуално кон одреден напредок и приближување на позициите.

- Очекувањата треба да бидат базирани на реалноста врзана со македонско-грчкиот спор  кој не е ниту нов ниту едноставен и сигурно дека бара многу напор, посветеност и добра волја од двете страни за да може да се оди кон некој напредок, рече Милошоски.

На новинарско прашање дали Македонија може да ги почне преговорите за членство во ЕУ  без да се реши името, министерот за надворешни работи одговори дека тоа зависи од Унијата од Советот на ЕУ, но смета дека релевантни за тоа се копенхашките критериуми, кои Македонија во политичкиот дел ги исполнува и согласно тоа ја има добиено препораката од ЕК.

- Има многу земји кои веќе преговараат и се подготвуваат за преговори, а имаат на некои нивоа различни билатерални прашања за кои што дебатираат во одредена фаза. Од наша гледна точка сметам дека би било важно за кредибилитетот на ЕУ доколку Европскиот совет ги следи препораките на ЕК, рече Милошоски. 

Тој очекува медијаторот Нимиц во текот на април да закаже нова рунда разговори со претставниците на двете земји на која би можело да се разговара за одредени сугестии, размислувања поврзани со прашањето за македонско-грчкиот спор.

Прашан за коментар на изјавата на заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас дека „Република Северна Македонија“ е можно прифатливо решение, Милошоски вели дека нема некој посебен коментар, но вели „во принцип логично е дека овие разговори би требало да доведат до некои компромисни предлози“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...