Брзо треба да се најде решение за спорот со името

Скопје, 6 април (МИА) - Одговорот дали името на земјата ќе биде „Северна Македонија“ зависи од македонската Влада, изјави евроамбасодорот Ерван Фуере по денешната посета на Антикорупциската комисија.

Не прецизира дали ЕУ би го поддржала тој предлог како евентуално решение за долгогодишниот спор за името наметнат од Грција. Дипломатски одговори дека не е нивно да даваат какво било мислење за ова прашање.

- Двете страни под раководство на ОН треба да најдат решение. Секоја иницијатива е добредојдена и многу е јасно дека постои огромна итност да се најде решение за ова прашање. Колку побрзо се најде решение толку е подобро. Веќе е договорен состанок со медијаторот на крајот на месецот и се надевам дека ќе дојде до решение, рече Фуере одговарајќи на новинарско прашање по средбата со новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата Илми Селами.   

Шведското радио денеска јави дека деветнаесетгодишниот спор за името можеби е на пат да биде решен. Спорот за името ја спречи „ПЈРМ“ да стане членка на НАТО, како и да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Водени се долги посреднички преговори, а сега се чини дека предлогот да се користи името „Северна Македонија“ би можел да биде решение, објави радиото.

Во интервју за грчките медиуми алтернативниот грчки министер за надворешни работи Димитрис Друцас изјави дека Грција може да го прифати името „Северна Македонија“ како решение спорот.

- Ако македонските власти го отфрлат името „Северна Македонија“, ќе треба да му објаснат на својот народ зошто го лишуваат од европската перспектива, вели Друцас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...