Утре нова лидерска средба за уставните измени

Скопје, 7 април (МИА) - Лидерите на најголемите парламентарни политички партии утре во 12 часот во Клубот на пратениците ќе имаат нова средба на која ќе се договараат за измените на Уставот на Република Македонија, во делот на Судскиот совет.

Како што соопшти денеска владиниот Сектор за односи со јавност, темата за која ќе се дискутира е иницијативата за измени на Уставот во делот за избор на членови на Судскиот совет, со кои би се зајакнала независноста на судскиот систем на Република Македонија и би се зголемила неговата ефикасност

Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека материјалите со предлог уставните измени во писмена форма веќе им се доставени на партиските челници, како што беше договорено на последната лидерска средба на 11 март оваа година.

Предлогот, како што образложи премиерот Никола Груевски, содржи неколку клучни работи - да се зголеми бројот на членови на Судскиот совет избрани од редот на судиите со непосредно тајно гласање на сметка на оние што ги предлагаат Собранието и претседателот на државата, министерот за правда да не е член на Советот и скратување на мандатот на членовите кој сега е шест години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...