Експертски групи за усогласување на ставовите

Дали ќе има измени на Уставот на Република Македонија ќе се знае за околу две недели, период во кој работни групи на парламентарните политички партии учесници на денешната лидерска средба треба да ги разгледаат и евентуално да ги усогласат ставовите по сите предложени барања.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по завршувањето на средбата изјави дека е мала веројатноста да се отворат уставните измени доколку барањата на Нова демократија и ДУИ за воведување на Бадентеровиот принцип во повеќе сегменти останат во формата предложена денеска и се услов за спроведување на измените.
- Одговорот на барањата на Нова демократија е негативен бидејќи сметаме дека тие, онака како што се предложени, не се во согласност со Рамковниот договор, односно далеку ги надминуваат неговите рамки, рече Груевски и додаде дека за таквиот став понудил правни и политички аргументи.
Премиерот, како што рече, не е во целост запознаен со барањата на ДУИ кои во писмена форма им биле доставени пред почетокот на средбата, но како што вели од првиот впечаток може да се види дека се работи за барања кои ги надминувааат и оние на Нова демократија.
- Ако нивните барања се услов за натамошно менување на Уставот ние нема да можеме да ги прифатиме, бидејќи тоа се работи со кои длабоко не се согласуваме, истакна Груевски.
Во врска со предлогот на СДСМ кој беше објавен и вчера, а се однесува на оневозможување на застарувањето на кривични дела поврзани со приватизација, Груевски вели дека се работи за блеф.
- Се работи за ситуација во која некој сака да се испере барем политички од она што го направил во минатото. Експертите со кои се консултиравме сметаат дека доколку се прифати тој амандман тој би важел отсега па натаму, а би немал ретроактивно дејство, појасни Груевски.
Тој додаде дека однапред не го одбива предлогот, кој заедно со другите ќе биде разгледан на работните групи, како и забелешките на СДСМ во однос на измените што ги иницира ВМРО-ДПМНЕ.
И за лидерот на СДСМ не се прифатливи предлозите на Нова демократија и ДУИ бидејќи Бадентеровиот принцип, според него, има логика само во институции во кои се носат политички одлуки, а не на пример во Уставниот суд, кој, како што рече, треба да оценува уставност на закони и прописи.
Црвенковски рече дека делумно се согласуваат со измените на Уставот иницирани од ВМРО-ДПМНЕ, но оти имаат одредени забелешки. Сепак, истакна дека поддршката на неговата партија во однос на овие измени не ја условува со поддршка на нивниот амандман за приватизацијата.
Лидерот на Нова демократија Имер Селмани изјави дека ги образложил барањата за кои, како што рече, добил одговор дека водат кон бинационална држава.
- Ние сметаме дека на ваков начин само ќе се унапреди консезуалната демократија, а на малцинствата ќе им се овозможи да почувствуваат дека се дел од институциите и дека нема да бидат мајоризирани од мнозинството, рече Селмани.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, кој бил иницијатор за формирање на работните групи не коментираше ниту за тоа какви барања доставиле на средбата, ниту пак за ставот на партиите по нив, туку само изрази надеж дека работните групи ќе можат да ги усогласат ставовите.
На средбата биле отворени и прашања во врска со Деловникот и со дебатирањето за Годишниот извештај на Државниот завод за ревизија и на Завршната сметка на Буџетот на Република Македонија во Собранието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...