Скопје, 22 април (МИА) - Подрачјето на Македонија денеска не е под влијание на облакот од вулканска пепел и прашина, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
УХМР од утре најавува нов период на променливо време со локални поројни врнежи и грмежи. Облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, ќе се задржи во наредните три дена. Минималните температури ќе се движат од 3 до 12, а максималните од 15 до 22 степена.