Раководството на „Макстил“ ја потврди експлозијата

Скопје, 4 мај 2010 (МИА) - Помошник-генералниот директор на „Макстил“ Нове Георгиевски потврди дека утрово околу осум часот во делот „Челичарница“ се случила експлозија на тело кое имало експлозивно полнење при што е тешко повреден работникот Димо Пигуловиќ.

- Се случила експлозија, некое тело одлетало од местото на настанот и паднало некаде на два до три километри, кај капија „Север“. Најверојатно се работи за направа експлозивно тело кое имало експлозивно полнење, изјави Георгиевски, додавајќи дека во близина на експлозијата имало и други работници кои му помогнале на повредениот.

Тој појасни дека се што доаѓа до погоните прво треба да има сертификат за нерадиоактивност (возилото што влегува во кругот), но заради сигурно подлежно е на повторна контрола и ако се утврди дека освен старо железо има, посочи, и гранати, се стопира и се враќа на местото од каде доаѓа. Во Железара, според него, најопасно е во печка да влезе резервоар со вода, но и боца ако не е пресечена на пола, од технички гасови пропан бутан, граната. Двапати пристигнале гранати од Србија, кои биле вратени назад.

На новинарско прашање дали во овој слулчај можно е да е направен пропуст, Георгиевски нагласи дека доколку се работи за некое тело што навистина не укажува на тоа дека е експлозивна направа, тие, како што рече,неможат да утврдат.

Претходно, Томче Божиновски, инспектор од Дирекција за заштита и спасување, информира дека не станува збор за паднат авион или беспилотно летало, туку за експлозија во погонот „Челичарница“ во Железара, што ги вознемири жителите на Скопје.

Според Благоја Менковски, командир на Противпожарната бригата, чии екипи се на терен, експлозијата се случила при сечење на старо железо, кое е расфрлано на локации и надвор од кругот на фабриката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...