Дел од граната од руско производство експлодирала во „Макстил“

Скопје, 5 мај 2010 (МИА) - Експлозија на дел од граната од руско производство, се првичните информации од МВР по направениот увид во врска со експлозијата во кругот на скопски „Макстил“ што се случи вчера, при што тешко беше повреден еден работник.

Ова денеска го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по свеченото донирање опрема за македонската Гранична полиција и Царинската управа од САД преку Програмата за контрола на извоз и граничната безбедност.

На новинарско прашање дали МВР ја контролира северната граница на Македонија кон Косово, Јанкулоска децидна: МВР има целосна контрола над секој сантиметар од територијата на Република Македонија.

Таа уште еднаш повтори дека не постои причина за загриженост на граѓаните на Македонија затоа што МВР има целосна контрола над безбедносната ситуација пред се затоа што располага со сите релевантни информации кои им овозможуваат на соодветен начин да реагираат тогаш кога е потребно.

- Последната акција на МВР беше потврда дека никаква  форма на насилство нема да се толерира. Кога ќе почувствуваме дека поединци или групи на било каков начин се обидуваат да ја загрозат безбедноста на граѓаните ќе реагираме на најостар можен начин, порача министерката за внатрешни работи.

Во врска со соопштението испратено наводно од „ОНА“ во кое ја презема одговорноста за оружјето и муницијата што полицијата минатата недела го пронајде и заплени во близина на граничниот премин Блаце, Јанкулоска подвлече дека според адресата од која е испратено соопштението се работи за сервер од Швајцарија. Досега, рече, ниту една од политичките партии не се солидаризира или не го препозна лицето кое стои како потписник на коминикето, а МВР ќе ја продолжи истрагата и работи на целосно расчистување на случајот.

Амбасадорот Рикер во однос на акцијата на македонската полиција се повика на заедничката изјава на САД, ЕУ и на ОБСЕ во кое беше потенцирано дека е потребно интензивирање на политичкиот дијалог за решавање на проблемите. Тој нагласи дека продолжува поддршката од САД за политичките фактори да работат заедно во насока на решавање на тековните проблеми.

Тој ја поздрави акцијата на македонските безбедносни сили и ја потенцира нивната професионалност во справувањето со шверцот на оружјето на границата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...