Скопје, 12 мај 2010 (МИА) - Престрелка меѓу полицијата и вооружена банда се случи рано утрово околу 2 часот по полноќ во близина на скопското село Радуша.
Во инцидентот загинаа четири лица од вооружената банда кои со патничкото возило комбе се обиделе да пренесат поголема количина оружје.
До престрелката дошло откако тие отвориле оган врз полицијата која по претходно добиени сознанија за пренос на нелегално оружје поставила заседа и се обидела да го сопре комбето.
Полицијата го потврди случајот и најави подетални информации за 13 часот во касарната во Ѓорче Петров.