Амбасадорот Стефков одликуван со орден витез од редот легија на честа за развој на македонско-француските односи (ПВТ)

Скопје, 12 мај 2010 (МИА) - Францускиот амбасадорот во Македонија Жан-Клод Шлумберже на амбасадорот Сашко Стефков попладнево му врачи орден - витез  од редот на легија на честа за придонесот за развој на македонско-француските односи и за афирмација на идејата на франкофонијата.

На свеченоста во присуство на пратеници и претставници на дипломатскиот кор амбасадорот Шлумберже особено го истакна придонесот на Стефков за приемот на Македонија во меѓународната организација на франкофонијата во Букурешт во 2006 година, како и за учеството во годишните манифестации организирани во Македонија по повод Денот на франкофонијата.

- Одликувањето што ви го врачувам ќе остане силен знак на благодарност на мојата земја кон вашата афирмирана и активна франкофилија, а Франција насекаде и во секоја пригода ќе ве смета за пријател, истакна амбасадорот Шлумберже.

Амбасадорот Стефков заблагодарувајќи се за одликувањето истакна дека се радува на развојот на врските меѓу Македонија и Франција која, како што рече, е се поприсутна во нашите подготовки за членство во ЕУ преку поддршка во повеќе сектори.

Тој подвлече дека оваа награда ја сфаќа и како признание на сите оние кои помогнаа да се заштити франкофонската традиција во Македонија. Притоа најави дека Македонија првпат од својот прием ќе биде претставена на највисоко ниво од претседателот Ѓорге Иванов на  Самитот на франкофонијата што оваа година ќе се одржи во Монтре Канада, а на која ќе биде одбележана и 40 годишнината од франкофонијата.

Сашко Стефков има богата дипломатска и професионална кариера. Тој беше амбасадор на Македонија во Белгија и Луксембург и шеф на мисијата при европските заедници од 2001 до 2006 година. Од 2006 година е на функцијата советник на премиерот за европски прашања и на претседателот на Републиката за франкофонијата и билатералните односи со Франција. Одликувањето витез од редот на легија на честа е со одлука на претседателот на француската република.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...