Убиецот на специјалецот меѓу убиените

Скопје, 13 мај 2010 (МИА) - Утврден идентитетот на три од четирите починати лица во вчерашната престрелка кај селото Радуша.  Станува збор за Ќемаљ Ф.(1963) од скопското село Грчец, Шабан З.(1974) од тетовското село Мерово  и водачот на оваа група Харун А. (1971) од Скопје, сите тројца македонски државјани.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за четвртото лице се уште се очекува потврда на идентитетот, кој првично беше утврден врз основа на пронајдената лична карта која гласеше на име на косовски државјанин Шала Џ.(1979) од Приштина.

Против лицето Харун А. е распишана меѓународна потерница од 3 декември 2008 година заради издржување затворска казна-доживотен затвор, која му е изречена во отсуство  од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје за кривично дело „убиство“ извршено на подмолен начин и „злосторничко здружување“ во врска со случајот на напад на полициско возило на 7 јануари 2008 год на бензинска пумпа Макпетрол-Автокоманда, при што еден полициски службеник го загуби животот.

Против лицето Шабан З. е распишана  потерница од 19 септември 2008 година од страна на Основниот суд Скопје 1 во врска со истрага за сторени кривични дела „воено злосторство против цивилно население и организирање на група и поттикнување на извршување геноцид и воени злосторства“ во случај Мавровски работници.

Доколку биде потврден идентитетот и на косовскиот државјанин, Шала Џ. кој од почетокот на годинава се бара со меѓународна потерница за издржување казна затвор во времетраење од девет години, изречена во отсуство од Основниот суд Тетово, за кривични дела „Напад на овластено службено лице“ и „Недозволено држење и тргување со оружје и распрскувачи материи“, кои ги сторил на 25 декември 2004 година во Тетово. Тој е осуден и за учество во престрелка во која беше повреден еден полицаец и во која успеа да му помогне на осомничениот за тероризам Лирим Јакупи, да избега на полицијата.

МВР продолжува да работи на целосно расчистување и документирање на случајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...