Од денеска топол бран во Македонија, температури до 39 степени

Скопје, 9 јуни 2010 (МИА) - Сончево, претежно тивко и многу топло време најавуваат од УХМР за наредните денови со температура до 39 степени.

Топлиот бран ќе дојде од северните делови на Африка и ќе ги опфати Балканскиот полуостров и централна Европа.

Топлото време и зголемените температури ќе се задржат до почетокот на наредната недела, а температурата во југоисточните делови на земјава ќе достигне до 39 степени. 

Препораки за заштита од најавените високи температури во Македонија

Да се избегнува директен престој на сонце, какви било напорни активности, да се престојува во затворени простории, пред се климатизирани, да се носи светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и  капа, да се внесуваат помали количества храна, а повеќе течности, да се избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин, се дел од основните мерки кои се препорачуваат за заштита од високите температури кои од утре ќе зафатат делови од Македонија, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата за климатски промени и здравје при Министерството вчера одржа работна средба на која беа разгледани  добиените информации од метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи според кои, од денеска до средината на наредната недела дел од Македонија ќе биде зафатен со топлотен бран со високи температури и тоа во регионите на Скопје, Куманово, Велес, Гевгелија и Каварадрци.

Мерките за намалување на ризиците од високите температури  ги препорачуваат Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Македонија во согласност со Акцискиот план за заштита на здравјето на населението од топлотни бранови кои се однесуваат на фаза еден од овој план, односно за таканаречената „жолта фаза“.

Се препорачува при привремено излегување од возилото  да се отвори прозорецот за да се овозможи вентилација и да не се остава никого во автомобилот, заедно со редовната медикаментозна терапија. Посебно дисциплинирани треба да бидат хроничните болни, особено оние со болести на срцевосадовиот систем, невролошките и белодробните болести и за сите промени во здравствената состојба задолжително да се консултира матичен доктор, а почесто во денот да се проветруваат просториите. 

Покрај тоа, се предлагаат и основни мерки за заштита од УВ зрачењето кои опфаќаат задолжителна заштита од УВ зраците со носење капа, очила за сонце, користење креми за сончање со висок заштитен фактор над 30  и носење лесна, светла и комфорна облека. Во рамки на напорите за спречување на труење со храна и појава на цревни заразни заболувања се препорачува задолжително миење на земјоделските - градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката и  да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови, се вели во соопштението од Министерството за здравство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...