Не е можно наметнато решение со кое не се согласуваат граѓаните

 Скопје, 21 јуни 2010 (МИА) - Недостојно е да се разговара за име кое една држава сама си го избрала. Но, верувам дека може да се најде решение и затоа треба да продолжат преговорите, а не да се чека спас од страна, изјави чешкиот претседател Вацлав Клаус по денешната средба со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов.

- Светот и Европа имаат редица поголеми проблеми. Така што спор за едно име кое што самата држава си го избрала, ми се чини сосема недостоен. Се согласувам со Иванов дека не е можно наметнато решено со кое не би се согласиле граѓаните. Треба да се продолжи со преговорите, а не да се чека решение „од горе“, рече Клаус.

На новинарското прашање како би требало ЕУ да постапува во случај кога билатерално прашање ги блокира евроинтеграциите, Клаус истакна дека нема храброст да ја советува Унијата, бидејќи не знае кого да советува во таков случај.

- Дали е тоа претседателот на ЕУ Ван Ромпуј или на Европскиот совет, или на двете доминанти држави кои ја определуваат политиката на ЕУ - Франција и Германија. Или би требало да мислам дека ЕУ е се уште заедница на суверени држави кои заемно соработуваат. Кога тоа би било вистина, во таков случај би требало да давам совети на Грција, рече Клаус.   

Тој ја реафирмира чешката поддршка за ЕУ и НАТО интеграцијата на Македонија. Клаус и Иванов очекуваат посета на Македонија да даде силен импулс за интензивирање на севкупната билатерална соработка.

Претседателот Ѓорге Иванов го повтори ставот дека Македонија е подготвена за заемно прифатливо решение за името во спорот кој е нелогичен и надвор од сите меѓународни принципи, а ги блокира интеграциите во НАТО и во ЕУ. Според него, радува што во последно време интензивирана е комуникацијата меѓу премиерите на двете земји, што оди во прилог на враќање на довербата, но вели, решението мора да се бара во рамките на ОН.

- Ние сме подготвени да се дојде до решение кое ќе биде заемно прифатливо, кое нема да посега по нашиот идентитет, јазик и достоинство, односно компромис во кој ќе нема добитници и ќе нема губитници, кој ќе биде прифатлив за двете држави, а тоа што ќе биде заемно прифатливо треба да го прифатат и граѓаните на нашите две држави. Ако тоа решение не е прифатливо за граѓаните ќе создаде многу дополнителни проблеми. Ние сме подготвени да дојдеме до такво решени, рече Иванов.

Запрашан дали планира да свика средба на лидерите на политичките партии, претседателот Иванов рече дека тоа ќе го стори штом дојде нов предлог од медијаторот Нимиц во рамки на процесот во ОН.

- Кога ќе дојде таков предлог тогаш не очекува она што треба да го постигнеме, да го хомогенизираме општеството и да дојдеме до заеднички став. Се додека не добиеме предлог нема за што да разговараме, посочи Иванов.

Чешкиот претседател Клаус денеска се сретна и со премиерот Никола Груевски, а ќе има средби и со пратениците-членови на повеќе собраниски комисии и со Националниот совет за евроинтеграции. 

Двајцата претседатели Ѓорге Иванов и Вацлав Клаус утре ќе имаат обраќања на македонско-чешкиот бизнис форум што ќе се одржи во Скопје. 

Клаус исто така ќе има средба со лидерот на СДСМ и поранешен претседател Бранко Црвенковски, со првите луѓе на верските заедници во земјата, како и со градоначалниците на Скопје, Тетово и Сарај.

Чешкиот претседател ќе ја посети и хидроцентралата Матка која ја раководи чешката компанија „Хидропол“ и  Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...