Нападот на Црвенковски обид за избегнување да каже како би го решил спорот со името

Тетово, 22 јуни 2010 (МИА) - Вчерашниот напад на лидерот на опозицијата е всушност негова одбрана и затскривање да го даде одговорот како ќе го реши спорот со името, оцени денеска премиерот Никола Груевски во Тетово, каде присуствуваше на поставување камен темелник за изградба на инфраструктурата на четвртата технолошка индустриска развојна зона.

- Остана неодговорено прашањето. Црвенковски  вчера се обиде да не одговори на прашањето на каков начин и кој му е планот за решавање на спорот со името, што планира да направи кога тој би се нашол во позиција да одлучува, рече Груевски коментирајќи ја вчерашната изјава на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Груевски рече оти не знае за каков пораз зборува Црвенковски кога токму оваа Влада обезбеди позитивен извештај од ЕУ минатата година и препорака од ЕК.

- Гледано од тој агол ние го направивме максимумот што се очекуваше од една влада да го направи. Сите знаеме дека главен проблем за добивање датум за почеток на преговори е блокадата од Грција за проблемот со името. Оттука неможам да разберам за каков пораз и за каква победа зборува Црвенковски кога знаеме дека главниот проблем е името.

Прашан за решавањето на спорот за името и неговиот став Груевски повтори дека Владата во континуитет работи на решавање на ова прашање со медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

- Кога ќе има нешто подготвено од негова страна ние ќе излеземе со наш став изјави, премиерот.

Груевски исто така одговарајќи на новинарски прашања рече дека за сите барања и идеи кои доаѓаат од коалициските партнери се разговара.

- Разговаравме за сите барања, размислувања и идеи. Дел по дел од нив решаваме дел ги оставаме за понатаму така што тоа е тековна активност, посочи премиерот.

Претседателот на Владата денеска изјави дека процесот за подобрување на казнената политика добива своја завршница. - Поголемиот дел од измените на неколку закони што ги најавивме пред неколку месеци веќе ја поминаа владината процедура и веќе се во парламентарна процедура. Останаа уште малку работи. Се надевам дека во месец јули Парламентот ќе ги усвои овие закони. Направени се одредени намалување, но и одредени зголемувања на казните, таму каде што се оценило дека има простор за тоа, изјави Груевски.

Во последните три и пол години имаме направено сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата, вели премиерот, иако не ни е завршена работата во тој поглед.

- Во делот на легислативата направен е голем напредок, а огромен напредок исто така е направен и во делот на спроведувањето на законите преку многу акции што ги направи МВР, рече Груевски.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот изјави дека се подготвува нова група економски промотори и најави дека во втората половина или до крајот на оваа година уште неколку амбасадори на Република Македонија треба да отпатуваат во земјите каде што се назначени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...