Спорот за името може брзо да се реши

Скопје, 12 јули 2010 (МИА) - Хрватскиот спор со Словенија, иако може да биде пример за решавање отворени прашања и меѓу други држави, сепак е од различна природа споредено со оној што Македонија го има со Грција. Сепак и тој спор може брзо да биде решен за да се ослободи патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, за што има целосна хрватската поддршка, изјави претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ по денешната средба во Скопје со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

- Хрватска сака спорот со Грција што поскоро да се реши и да отпаднат пречките што ги има Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Мислам дека тоа е можно да се направи брзо, што е добро и за целиот регион и за Европската унија, истакна хрватскиот претседател.

Шефот на македонската држава пак запрашан да го коментира оптимизмот на меѓународната заедница за скоро решавање на спорот со Грција, истакна оти тој најверојатно се темели на зачестените средби на премиерско ниво.

- Македонскиот и грчкиот премиер остварија шест средби, на нив веќе се постигнува одредено ниво на заемна доверба. Кога ќе се постигне таква доверба може да се дојде до заемно прифатливо решение. Веројатно оптимизмот на Брисел се темели на информациите што ги имаат од тие средби, истакна претседателот Иванов, додавајќи дека процесот за решавање на спорот останува во ОН.

Хрватскиот претседател смета дека интеграцијата на Балканот во ЕУ е стратешки интерес на неговата земја, на регионот, но и на ЕУ.

- Хрватска е пред вратите на ЕУ и како земја членка ќе продолжи со политиката која и досега се практикува - полна поддршка на сите земји кои сакаат да влезат во ЕУ и НАТО. Тоа ќе биде една од главните активности што ќе ги има Хрватска во својата надворешна политика, истакна Јосиповиќ.

Тој додаде дека во својата надворешна политика Хрватска ќе се фокусира и на развивање добри односи со соседите и земјите во регионот.

- Односите меѓу Македонија и Хрватска се одлични, без отворени прашања, бидејќи сме на иста политичка страна. Тие можат да бидат пример за соработка на сите земји во регионот, оцени Јосиповиќ.

Македонскиот претседател истакна дека ваквите односи можат и натаму да се продлабочуваат особено во делот на економијата.

- Многу битен елемент за негување на добрите односи се малцинските заедници на Хрватите во Македонија и на Македонците во Хрватска. Тие се мост на поврзување меѓу двете земји, рече Иванов.

Хрватскиот претседател за време на еднодневната посета на Македонија ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Јосиповиќ во Скопје ќе има средби со македонски и хрватски бизнисмени и со претставници на хрватската заедница во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...