Нема договор за формирање анкетна комисија

Скопје, 13 јули 2010 (МИА) - Координаторите на пратеничките групи денеска не се усогласија во врска со одлуката за формирање анкетна комисија за расчистување на инцидентот што се случи на 1 јули во Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Собранието за денеска свика средба на која требаше да се разгледуваат формирањето на анкетна комисија и измените на Деловникот за работа на Собранието. Нова средба е закажана за утре попладне.

Пратеници на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска брифираа дека договор не е постигнат. Пратеничките групи на СДСМ и на НСДП на средбата предложила нов, како што наведуваат, компромисен предлог - комбинација од нивниот, на владејачкото мнозинство и предлогот на претседателот на Парламентот, додека намерата на ВМРО-ДПМНЕ се прашањата за анкетната комисија и Деловникот за работа на Собранието да се решат во пакет, пред претстојниот состанок на Комитетот за Спогодбата за стабилизација и асоцијација следната недела.

Според предлогот на пратеничките групи на СДСМ и НСДП, содржината на насловот би требало да биде: Одлука за основање на Анкетна комисија за утврдување на околностите за настаните во Собранието на Република Македонија случени на 1 јули 2010 година и утврдување на одговорноста на учесниците и инволвираните во настаните согласно законските прописи и подзаконските акти.

И покрај широкиот опфат на предлогот, велат од опозициската партија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на средбата се изјаснила дека останува на својот предлог. ДУИ се изјаснила дека предлогот не е лош, но оти за нив е прифатлив и предлогот на претседателот на Собранието.

Опозициската партија обвинува дека владејачкото мнозинство и претседателот на Собранието не сакаат да се формира комисија, но исто така велат дека прашањето за Деловникот на Собранието треба да се отвори дури откако ќе биде формирана анкетната комисија за расчистување на првојулскиот инцидент. Измените на Деловникот, потсетуваат од СДСМ, требаше да се донесат до декември, според договорот на една од лидерските средби.

Во владејачката партија наведуваат дека не прифаќаат анкетната комисија да биде ограничувана и условувана од опозицијата. Исто така сметаат дека би можел да надвладее субјективизмот во донесувањето на одлуките во однос на анкетната комисија, бидејќи координатор и заменик- координатор на пратеничка група се меѓу учесниците во инцидентот на 1 јули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...