Постигнат договор за формирање анкетна комисија

Скопје, 15 јули 2010 (МИА) - Пратеничките групи на СДСМ и на НСДП, ЛП и НА го прифатија последниот денешен предлог на ВМРО-ДПМНЕ за формирање анкетна комисија за расчистување на инцидентот во Собранието на 1 јули, со што по неколкудневни средби кај претседателот на Парламентот е постигнат конечен договор.

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на опозицијата и позитивно го оценува постигнатиот компромис, што, како што посочуваат од пратеничката група, е баланс на предлозите од двете страни, но очекуваат на продолжението на денешната координација закажана за 15 часот да биде затворено и прашањето за измените на Деловникот за работата на Собранието. 

ВМРО-ДПМНЕ предложи членот 1 од Одлуката да гласи: „Со оваа одлука се основа Анкетна комисија за утврдување на причинско последичните околности кои доведоа до настаните, самите настани пред и во зградата на Собранието на Република Македонија случени на 1 јули 2010 година согласно севкупните законски и подзаконски прописи, како и одговорноста на учесниците во тие настани“.

Пратеникот Андреј Петров од СДСМ изјави дека неговата пратеничка група го прифаќа овој предлог, и оти ги повлекува своите претходни предлози за составот на анкетната комисија, за начинот на нејзиното делување и делокруг. - Ова го правиме во интерес на граѓаните на Република Македонија, заради државните интереси и пред се поради расчистување на овој настан со што, верувам, многу брзо ќе се дојде до вистината. Очекуваме анкетната комсија да се формира во најкраток можен рок и таа да го расчисти случајот, изјави Петров.

За персоналниот состав на комисијата, според Петров, се уште не е разговарано. Очекуваат праксата од претходниот период да продолжи, а тоа е анкетните комисии да ги води пратеник од опозицијата.       

На претпладневната трета координација на пратеничките групи не било отворено прашањето за Деловникот. - Во оној момент кога ќе биде отворено ние аргументирано ќе настапиме да дискутираме околу тие прашања, рече Петров.

Пратеничката група на НСДП, ЛП и НА, според пратеникот Горан Мисовски, го прифаќаат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. - Овој гест го правиме во интерес на Република Македонија и сметаме согласно позитивните законски прописи ќе дојдеме до утврдување на вистината и одговорноста на сите чинители, изјави Мисовски.

За 15 часот е закажано продолжение на координацијата кај претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски, на кое треба да биде отворено прашањето за измените на Деловникот за работа на Собранието. Според најавите, ќе се работи се додека не се постигне договор и за ова прашање.

Координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева изјави дека очекува на попладневната координација сите координатори на пратеничките групи да ги потпишат измените на собранискиот Деловни. Со тоа, како што нагласи, ќе се прати добра порака до Брисел пред состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација и ќе се исполнат одредени услови од евроинтеграцискиот процес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...