Постигнат договор за измените на собранискиот Деловник

Скопје, 21 јули 2010 (МИА) - Владејачкото мнозинство и опозицијата денеска постигнаа договор околу измените на собранискиот Деловник. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го прифати барањето на СДСМ да предлага точка на дневен ред на секоја втора седница.

Останува да се усогласат нијансите околу формирањето на тело кое ќе го контролира трошењето на буџетските пари. СДСМ бара на истата собраниска седница на која ќе се донесе Деловникот, на дневен ред да биде ставена и одлуката за формирање постојано работно тело за контрола на буџетските пари, а ВМРО-ДПМНЕ предлага да се формира поткомитет во рамки  на Комисијата за финансирање и буџет кој во согласност со Деловникот ќе ја има надлежноста за регулирање на овие прашања.

- ВМРО-ДПМНЕ го поддржува принципот за воведување на механизам за контрола на трошењето на парите. Впрочем, нашите пратеници и досега изгласуваа заклучоци во Собранието на Република Македонија во кои беше нотиран овој интерес. Нашите пратеници и досега учествуваа на координации и работни тела на коишто се бараше начин за регулирање на овој приоритет. ВМРО-ДПМНЕ ќе го воведе во парламентарна пракса, по првпат во овие 20 години, овој механизам не поради уцената од СДСМ, туку поради сопствените принципи, изјави денеска во Собранието пратеникот Илија Димовски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелира во текот на денешниот и утрешниот ден да продолжат координациите за усогласување на разликите. Очекуваат собраниската седница на која ќе бидат донесени измените на Деловникот и формирањето на анкетната комисија да се одржи до крајот на неделата.

- Цениме дека во овој момент најитни приоритети на Република Македонија се донесувањето на измените на Деловникот и формирањето на анкетната комисија и во првиот момент кога ќе се создадат условите да се усогласиме во целост во врска со новопоставеното барање на СДСМ, да се направи тоа во најитен можен рок, рече Димовски, одговарајќи на новинарско прашање дали на истата седница на која ќе бидат донесени измените на Деловникот ќе биде ставена и одлука за формирање на постојано работно тело за контрола на буџетските пари.

Партијата го поздравува и усогласениот став за донесување на одлуката за формирање на анкетната комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...