Скопје, 22 јули 2010 (МИА) - Францускиот министер за европски прашања Пјер Лелуш денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.
Лелуш ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и со заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Васко Наумовски.