Цветанов напаѓа зашто е разрешен од функцијата

Скопје, 22 јули 2010 (МИА) - Нема да има реконструкција на Владата, тоа е чиста шпекулација, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен темелник на две тениски игралишта во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во скопската населба Тафталиџе.

За обвинувањата од поранешниот директор на Управата за спречување перење пари Ване Цветанов на сметка на премиерот дека води лицемерна политика , Груевски рече дека не секој државен функционер подеднакво и достоинствено реагира кога ќе направи грешка и кога на некој начин ќе треба да биде санкциониран за тоа.

- За жал Ване Цветанов одбра таков начин да реагира, да напаѓа, да навредува, да плука и да го изрази својот гнев и револт затоа што е разрешен од функцијата. Се што кажува е тотално неточно, рече Груевски.

Тој посочи дека по укажувањата на Антикорупциската комисија извршиле детални проверки и се покажало оти се точни, додавајќи дека ваков пример можеби ќе се повторува и во иднина, бидејќи, како што рече, во ВМРО-ДПМНЕ има принцип да не заштитува партиски кој било што нема да го почитува законот.

- Ние не можеме затоа што тој е партиски член да ја лажеме јавноста оти тоа не е така. Со тоа ќе го загубиме кредибилитетот. Ако на јавноста и кажуваме дека некој не направил грешка, а тој направил и тоа  очигледно може да се провери. Ова може да се случи и во иднина доколку разрешиме некој функционер тој веднаш потоа да реагира и бара виновник за неговите грешки, појасни претседателот на Владата.

Според Груевски, оваа Влада најмногу направила во борбата против корупцијата и криминалот, а тоа го докажуваат не само законодавниот дел, туку и имплементацијата на многуте акции на МВР и пресуди што дојдоа во последно време. Големи резултати, како што истакна, има и во конфискација на имот што бил стекнат со криминал и оти во буџетот се влеваат сериозни приходи од конфискувани средства.

На прашањето зошто случајот на Душко Илиевски е префрлен во секторот за организиран криминал во Скопје, Груевски рече за тоа да се прашаат експертите во јавното обвинителство и тие ќе објаснат зошто е во еден сектор, а не во друг.

Прашан дали има притисокот од лидерот на ДУИ Али Ахмети, хашките случаи да бидат затворени до Илинден, премиерот Груевски рече дека не коментира притисоци што ги нема и оти тоа се судски случаи што ги води Судот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...