МОН побара од авторите итна корекција на учебникот „Општество“

Скопје, 13 август 2010 (МИА) - Министерот за образование и наука Никола Тодоров на синоќешната средба со четирите авторки на учебникот „Општество“ за петто одделение побара веднаш да ја коригираат спорната содржина.

Во околу 20.000 примероци од учебниците до 1 септември треба да биде отпечатена нова страница која ќе ја замени таа на која се посочени личности заслужни за културата во Македонија, потврди ресорното министерство. Печатењето на околу 20.000 страници ќе повлече и дополнителни трошоци.

Министерот ги повика авторките Кристина Краљева, Весна Павловиќ, Елена Станојковиќ и Соња Кирковска на итна средба по реакциите на медиумите за учебникот што го напишале. На средбата не присуствувала рецензентката Антоанела Петковска, професорка на Филозофскиот факултет.

Повлекување на учебникот „Општество“ денеска од МОН побара Друштвото на писателите на Македонија.

- Жално е тоа што ваквите појави се случуваат во еден важен и чувствителен сегмент, како што е образованието. Ненаведувањето на ниту еден македонски писател во редот на значајни личности од културата претставува навреда за македонската литература која во изминатите децении со своите високи естетски дострели даде значаен придонес во развојот на културните вредности и нивната афирмација во светот. Со оглед на фактот дека бесплатното нудење на незнаење остава широки и катастрофални последици кај младата популација, таквата појава треба брзо и ефикасно да се санкционира, наведува ДПМ во писмената реакција.

Министерот Тодоров вчера изјави дека за содржината на отпечатените учебници се надлежни рецензентските комисии и оти тој како министер не е стручен за да го оценува квалитетот на учебниците за сите области, и покрај тоа што со свој потпис го одобрува нивното објавување.

- Начинот на кој се избираат учебниците во Македонија е определено со закон. Тоа е сложена процедура која минува низ повеќе филтри - најпрво се распишува конкурс и целата процедура ја спроведува националната комисија за учебници. Секој учебник има рецензенти, се избираат најдобрите учебници и врз основа на предлозите на стручните лица тие се предлагаат до министерот кој носи решенија. Ниту еден министер во Македонија, ниту сега, ниту кога било во иднина, веројатно, нема да може да биде стручен да ја провери содржината на сите учебници во државата и секој министер, како што правам јас, се потпира на стручното мислење на рецензентите. Доколку има пропусти, се нарушува и нивниот професионален дигнитет и кредибилитет, рече Тодоров.

Учебниците за петто одделение чии авторски права ги откупи МОН и во негова надлежност е печатењето деновиве ќе бидат распределени низ училиштата во земјава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...