МОН не може да биде одговорно за работата на рецензентите

Скопје, 13 август 2010 (МИА) - Министерството за образование и наука не може да биде одговорно за работата на рецензентите на учебниците, зашто  тие се последниот филтер во процедурата за објавување на учебниците, стручно ги вреднуваат и даваат зелено светло за печатење на ракописите. Авторите имале идеја што требало да стои во учебникот, а дали е таа прифатлива или не одлучуваат рецензентите,  рече денеска министерот Никола Тодоров во врска со спорната содржина на „Општество“ за петто одделение.

- За мене ќе биде доволно доколку рецензентите ја признаат својата грешка и се извинат за непријатностите кои им ги нанесоа и на Министерството и мене, како министер за образование и наука... Моја работа не е да ги читам учебниците, ниту да се мешам и да одлучувам што ќе стои во кој било учебник. За изработката на учебниците има цела процедура и тие поминуваат низ повеќе филтри, рече Тодоров.

Дистрибуцијата на учебниците е прекината, а тие кои се веќе распределени ќе бидат вратени во печатница за до почетокот на 2010/2011 да им се промени  конкретната страница со исправка. До 1 септември треба да бидат испечатени 15.400 колку што има примероци на изданието.

- Штетата не е голема ако се препечатува само таа страница, но ако има повеќе грешки во учебникот што ќе имплицира негово повлекување и објавување нов, сериозна ќе биде работата и нема да останеме само на извинување, туку ќе бараме сериозна одговорност согласно со законите во Република Македонија, рече Тодоров, одговарајќи потврдно на прашањето дали тоа значи ревизија на целата содржина на „Општество“.

Министерот ќе има средба и со писателите на Македонија кои денеска побараа од МОН повлекување на книгата.

Засега се размислува на исправка во делот што предизвика реакции, за личностите заслужни за културата во Македонија, и отстранување на имињата во новата, коригирана верзија.

Педагошката служба предлага избор на ракописи, а Националната комисија дава конечна листа кои треба да бидат избрани. Комисијата има претседател и 21 член за сите научни области. Рецензентите се надлежни да укажат за извесни корекции во прифатените ракописи, а потоа повторно да ги прегледаат дали е постапено по сугестиите.

Претседател на рецензентската комисија за конкретниот ракопис е проф. д-р Антоанела Петковска. Тој бил прворангиран и најдобро оценет со 95 проценти. Второрангираниот добил 90 проценти, а останатите три ракописи не ги исполнувале условите од методологијата за учебници. 

Кристина Краљева, Весна Павловиќ, Елена Станојковиќ и Соња Кирковска ги исполнувале законските услови за пишување учебник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...