Рамковниот договор е специфичен македонски модел

Скопје, 13 август 2010 (МИА) - Охридскиот рамковен договор кој е создаден за надминување на непријателствата во Република Македонија во 2001-та е специфичен македонски модел на мултиетничко општество заснован на интеграција без асимилација, а се темели на нашата традиција на заемно почитување меѓу етничките заедници.

Ова денеска на трибината насловена „Охридскиот рамковен договор денеска и во иднина“ го истакна претседателот на државата Ѓорге Иванов нагласувајќи дека во нормативниот дел моделот е отворен проект во кој се вградуваат барањата на секоја генерација што го прави динамичен.

- Постигнувањето во однос на имплементацијата во изминатите девет години се мерливи,  но неговата целосна имплементација чини многу и за да биде целосно функционален е неопходен бруто домашен производ од 8 илјади долари по глава на жител, а Македонија во овој момент остварува само половина од потребниот БДП, рече претседателот Иванов.

Македонија по Рамковниот договор, Иванов ја спореди со зграда.

- Република Македонија би ја дефинирале како зграда во која секоја заедница има свој стан и простор. Прашањето е кој ќе се грижи за покривот, скалите, за заедничката инфраструктура, односно кој ќе се грижи за јавниот интерес. Порано мнозинското македонско население беше одговорно за заедничкиот јавен интерес, а во наредниот период тоа подразбира активно вклучување на сите кои живеат во државата. Затоа е неопходно, во иднина да се менува профилот на македонските политичари и тие повеќе да бидат дипломати и до решенија да доаѓаат со компромиси и дијалог, порача Иванов.

Целосната имплементација на Рамковниот договор, како што нагласи претседателот Иванов, се поставува како услов за евроатлантските интеграции. Шефот на државата истакна дека она што ние го направивме пред 10 години во моментов е актуелно на планетарно ниво, бидејќи како што рече, сите општества стануваат мултиетнички и мултилингвални.

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Абдулаќим Адеми истакна дека договорот не само што го прекина конфликтот, туку ја стабилизира Македонија во сите сегменти и полиња и помогна за евроатлантските процеси на земјата. Тој е еден од петте приоритети на кои работи и ќе продолжи да работи Владата, а ја ужива поддршката од меѓународната заедница и од политичките субјекти во државата и за да се утврди неговото значење треба да се прашаме вели, каде ќе беше земјата и нејзините граѓани без овој договор.

- Перспективата на европска Македонија е тесно поврзана со имплементирањето на Охридскиот договор, зашто доколку ЕУ е изградена врз начелото на диверзитетите и неговото почитување, тогаш оваа основа за Македонија ја гарантира само Охридскиот рамковен договор, чија основна цел е градење на мултиетничка држава каде секоја индивидуа и етничка група ќе се чувствува рамноправна без да се повредуваат правата на другиот, истакна Адеми.

Професорот Имер Исмаили од Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово меѓу другото рече дека Рамковниот е политички договор и е задолжителна потреба на Македонија, а не на Македонците и на Албанците и тој е значаен за освестување на политичките елити.

Според него, Охридскиот договор има македонски, албански и меѓународен концепт. Македонскиот концепт е вели, рестриктивен, албанскиот е афирмативен, а меѓународниот концепт е гарант за спроведување на договорот.

Зоран Илиевски од Правниот факултет при УКИМ, смета дека е неопходна целосна имплеметација на Рамковниот договор, со зајакната работа на терен, но и засилување на механизмите кои ќе овозможат контрола на квалитетот на вработените во јавната администрација. Клуч за тоа е образованието, кое треба да понуди интегративни содржини што, вели, ќе ги подобрат меѓуетничките односи.

- Потребен е постојан и содржаен политички дијалог, посебно на централно ниво, функционална децентрализација и медиумите да ја согледаат опасноста од неадекватното пренесување на вестите што ги засегаат етничките прашања, смета Илиевски во однос на натамошната имплеметација на договорот.

Тој препорачува и предизборно меѓуетничко коалицирање, наместо постизборното, бидејќи доведува до поумерена реторика во предизборието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...