Во Њујорк средба Иванов-Папандреу

Њујорк, 23 септември 2010 (МИА) - Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и грчкиот премиер Јоргос Папандреу вечерва во Њујорк имаа дваесет минутна тет-а-тет средба на маргините на 65. Генерално собрание на ОН.

Средбата, иницирана од претседателот Иванов, била во функција да се продолжи со градењето доверба меѓу двете држави.

Иванов и Папандреу, како што пренесоа известувачите на македонските медиуми од Њујорк, оцениле дека ова е чувствителен период во кој двете земји треба взаемно да испраќаат пораки кои ќе имаат позитивни елементи на градење доверба.

Македонскиот претседател напоменал дека спомнувањето на Уставот како дел од преговорите за прашањето за името е чувствителна тема за Македонија и оти во овој период мора да се внимава што двете страни официјално изјавуваат.

На средбата не станало збор за суштината на проблемот. Двајцата се согласиле дека подобро е да се остави медијаторот Метју Нимиц да даде предлог во оној момент кога ќе почувствува дека тој нема да биде одбиен од двете страни.

Шефот на македонската држава останува во Њујорк и во наредните денови. По консултациите со премиерот Никола Груевски договорено е претседателот Иванов да го продолжи престојот и да го преземе планираното обраќање пред Генералното собрание на ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...