Дел од одлуките на Уставниот суд сомнителни

Скопје, 26 септември 2010 (МИА) - Премиерот Никола Груевски по најновите случувања поврзани со Комисијата за лустрација денеска изрази сомневање во кредибилитетот на работењето и легитимитетот на дел од донесените одлуки од Уставниот суд.

- Оваа ситуација не го нарушува само кредибилитетот, туку и легитимитетот на дел од одлуките на Уставниот суд. Се поставува прашањето за легитимноста на одлуките, особено оние што поминале само за еден глас во време во кое што внатре во судот имало лице за кое се открива со што се занимавало во минатото. Веќе станува јасно дека досега искажаните сомнежи за Уставниот суд и од други личности во државата, покажуваат оти не е само во прашање кредибилитетот, кој и досега беше под знак прашање поради контроверзните одлуки кои ги носеше под политичко влијание на СДСМ, туку со овој настан, кој има и законско продолжение - лустрација, се доведува во прашање легитимитетот на дел од одлуките кој веќе ги донел Уставниот суд, изјави премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање дали доколку Комисијата за лустрација објави дека има уставен судија кој бил соработник на разузнавачките служби, би се намалил легитимитетот на Уставниот суд.

На новинарско прашање дали има проток на информации односно дезинформации околу лустрацијата со оглед на тоа што некои политички партии шпекулираат со имиња на пратеници, а СДСМ со уставен судија, Груевски изрази зачуденост од вчера изнесените детали од страна на СДСМ за тоа кој, од кого е предложен и кога е назначен во Уставниот суд.

- Или информацијата им е од таму, или пак имаат директна корелација со судијата или со Уставниот суд, што покажува дека имаат огромно влијание на Уставниот суд, рече премиерот Груевски.

Тоа, според него, покажува дека СДСМ имаат информации внатре и од Комисијата за лустрација, која во основа треба да биде крајно професионална.

- Очигледно е дека тие имаат предложено  од нив лица кои не се толку професионалци, туку се чисто партиски и им даваат одредени информации односно свесно пласираат дезинформации, рече претседателот на Владата на Република Македонија по денешната промоција на новите 13 наслови како дел од проектот „Превод на 500 стручни - научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните Универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и во Германија“, што се одржа на Правниот факултет во Скопје.

Од тој аспект, премиерот Груевски изрази и жалење што СДСМ се вмешува во вакви работи и оти става, како што подвлече, луѓе нивни доушници кои непрофесионално ја извршуваат работата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...