Ивановски тврди дека не соработувал со тајните служби

Скопје, 27 септември 2010 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски рече дека заклучокот на Комисијата за лустрација со кој се известува дека неговата изјава не била во согласност со податоците со кои располага Комисијата не е вистинит и категорично го отфрла.

- Образот ми е чист и немам намера да се повлечам од функцијата, бидејќи не сум направил ништо, изјави денеска Ивановски по изнесувањето на фактите пред членовите на Комисијата за лустрација.

Тој тврди дека не соработувал со тајната полиција, туку дека се работи за вешто исконструиран атак и хајка, политичка пресметка и обид за дискредитација на носител на раководна функција во институција што не потпаѓа и не постапува по политички диктат.

- Премногу наивно е да се поверува и прифати дека единствениот што треба да се лустрира, барем засега, е првиот човек во заштитата на уставноста и законитоста, рече Ивановски.

Тој додаде дека на начинот како што се постапува во конкретниот случај не само што не се врши лустрација, туку се врши „кастрација“ на здравиот ум.

Според Ивановски, станува збор за досие формирано во 1964 година во кое се наведени службени дејствија што на времето стариот режим ги преземал против него како малолетник кој, како што рече, тогаш се замерил со тогашната држава. - Сега оваа Комисија или овој систем треба да го лустрира претседателот на Уставниот суд затоа што во младите години се борел за независност и за обединување на Македонија - идеи врз основа на кои многу функционери се гордееја и бараа да им се направат споменици, додаде Ивановски.

Тој рече дека е жртва и на претходниот систем, а со сегашната монтажа и на овој систем. - Едно е кога во 1964 година сум се борел за тие идеи и сум бил обвинуван и притворан и дефиниран како учесник во младонационалистичка организација по ослободувањето, иако бев малолетник. Но, тогашното делување и тогашната тортура и обработка од органот за државната безбедност им послужил за сегашната монтажа, обвини Ивановски.

Според него, во досието нема писмен документ на кој би се засновала соработката меѓу него како таен соработник и органот. - Доколку органот го сметал за соработник, иако за тоа лицето ниту знаело, ниту дало согласност значи дека е извршена злоупотреба од страна на органот и лицето не може да се смета за соработник, истакна Ивановски.

Тој тврди дека во неговата 41-годишна работа никаде нема „дамка“. - На мува не сум настапил, а некој има интерес тоа поинаку да го прикаже, рече Ивановски.

Според него, во досието има непотпишани белешки, лаги и измислени лица, како и фабрикувани и фалсификувани изјави. - Категорично тврдам дека двете подметнати признаници за примени 10.000 динари на 1.12.1965 година и 20.000 динари на 25.05.1965 година се чист фалсификат извршен или од оперативниот службеник или од доставувачот на досието, додаде Ивановски.

Претседателот на Уставниот суд рече дека на седницата на Комисијата бил ограничен во искажувањата. - Ми беше ветено дека по моето излагање на седницата ќе се исклучи јавноста и ќе продолжиме за докажување на фактите од досието за да можам да се произнесам, но не беше така, додаде Ивановски.

Според него, изјавата на премиерот Груевски е „преседан нон-сенс“, бидејќи како што рече, се осврнал на тоа што работело тој како младинец. - А, што сум работел и што работам сега тоа стои во одлуките на Уставниот суд, а дали тие ќе му се допаѓаат е друга работа. Никогаш ниту Бранко Црвенковски, нити СДСМ не стоел зад мене. Нека проверат кои се моите издвоени мислења за одлуките на Уставниот суд, затоа што може да најде дека мојот глас бил на страна на премиерот, а тоа не било заради притисокот на премиерот, туку заради моите убедувања, истакна Ивановски.

Претседателот на Уставниот суд најави дека ако Комисијата не се преиспита и донесе заклучок дека изјавата што ја дава не се темели на вистина, ќе се жали до Управниот суд, а потоа ќе го искористи правото од осум дена и за одлуката од Управниот суд ќе бара произнесување и од Врховниот суд.

Претседателот на Комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев рече дека Комисијата не работи под притисок, како што претходно обвини уставниот судија.

Тој рече дека Комисијата работи на околу 3-4.000 изјави и дека прво почнале со изјавата на Претседателот на државата, па со изјавите од Парламентот, од Владата, од Уставниот суд, а потоа и изјавите на градоначалниците и советниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...