Македонија да го добие заслуженото место во НАТО

Вашингтон, 5 октомври 2010 (МИА) – За Соединетите Американски Држави нема дилеми: ја почитуваат, ценат и ја вреднуваат Република Македонија и и даваат силна поддршка за влез во НАТО, изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски по синоќешната средба во Вашингтон со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс.

Коњановски, јави известувачот на МИА, рече дека пораката што ја пренел Гејтс е оти правилно се вреднуваат и препознаваат реформите што ги прави Република Македонија и придонесот што македонските војници го даваат во мисијата ИСАФ во Авганистан.

– Морам да потенцирам дека нема дополнителни забелешки во однос на членството на Република Македонија во НАТО. Од наша страна беше посочено дека Македонија го бара заслуженото - да се вреднуваат реформите и час поскоро да биде дел од Алијансата, рече министерот за одбрана.

Реформите се завршени и не постои членка на Алијансата која може да каже, додаде Коњановски, дека тие не се успешно завршени или дека има застој, но оти останува непринципиелното отворено прашање за спорот со името со Грција. Решение за влез на Република Македонија во НАТО, според него, би можело да биде земјата да стане членка на Алијансата под привремената референца бидејќи никој не може да гарантира дека за една или две години спорот ќе биде решен. 

- Пред се, обврска на Република Грција е да не ги кочи интегративните процеси на Република Македонија. Доколку не се изнајде заемно прифатливо решение, Република Македонија треба да биде дел од НАТО -  семејството под привременото име ПЈРМ, а понатаму да се решава проблемот наметнат од страна на Грција, смета министерот за одбрана.

Коњановски потсети дека Македонија повеќе години се обидува да најде заемно прифатливо решение за спорот со името. - Ние сакаме тоа да го направиме затоа што ја гледаме иднината на Република Македонија во НАТО, но факт е дека 18 години многу тешко се наоѓа такво решение и никој не може да гарантира дека за една или за две години ќе се дојде до него. Мислам дека треба да се изнајде решение и оти можеби тоа решение е привремената референца со цел Македонија многу брзо да се интегрира во НАТО - семејството, изјави Коњановски.

На средбата со секретарот за одбрана Гејтс, на која присуствуваа и началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски и началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД адмирал Мајкл Мулен, станало збор и за соработката што Македонија ја имаше со САД во минатото, за актуелната состојба во Авганистан и напорите што се прават од Здружената коалиција да се среди состојбата во земјата, како и за идните планови за соработката меѓу двете министерства и армиите.

Во рамките на посетата на Вашингтон, која се случува во пресрет на Самитот на НАТО во Лисабон, министерот Коњановски во Пентагон беше брифиран за состојбата во Авганистан, каде што има 242 припадници на Армијата на Република Македонија.  

Коњановски се сретна и со сенаторот Џон Меккејн, кандидат на Републиканската партија на последните претседателски избори во САД. На средбата станало збор за состојбата во Република Македонија и во регионот, како и за заедничките американско-македонски предизвици. Сенаторот Меккејн искажал голема благодарност до Република Македонија за активностите што ги реализира заедно со САД и со другите земји – членки на НАТО во Авганистан.

Претходно Коњановски имаше работен ручек со истакнати претставници на неколку американски тинк-тенкови.   

Македонскиот министер за одбрана денеска ќе има обраќање пред Стратешката сесија на Атланскиот совет, по што ќе оствари средби со помошникот - државен секретар  во Бирото за Воено-политички прашања на Стејт департментот Андрју Шапиро, како и со сенаторот Патрик Леахи, кој ја поднесе најновата Резолуција за Македонија до Сенатот, и со конгресменот Роберт Адерхолт, еден од потписниците на писмото до претседателот Барак Обама, Македонија да биде примена во НАТО на Самитот во Лисабон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...