Очекувам валоризација на вложениот труд

Скопје, 18 октомври 2010 (МИА) - Очекувам реална валоризација на сработеното, на вложениот труд,  за што не е заслужна само Владата, туку и сите државни институции, вклучувајќи ги и граѓаните на Република Македонија. Сепак, за тоа најдобро ќе каже Европската комисија на 9-ти ноември.

Вака одговори премиерот Никола Груевски на новинарско прашање какви се очекувањата од утрешната посета на претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, кој во Скопје ќе има средби со македонскиот државен врв, и од претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија.

- Во изминатата година дадовме максимум што беше во наша моќ за да ја придвижиме земјата во сите полиња и во најголем дел да има напредок, изјави Груевски денеска по свеченото пуштање во употреба на спортска сала на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

На прашање од новинарите дали ќе инсистира на средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу пред Самитот на НАТО во Лисабон на која ќе се разговара за прием на Македонија под референцата ПЈРМ, со оглед на огромната поддршка што ја има земјава за да ја добие поканата, Груевски потенцира дека не би одбил каква било средба со грчкиот премиер.

- Не би одбил каква било средба со  Папандреу и секоја можна прилика да се разговара, да се оствари дијалог и размена на мислења, а пред се да се побара да престане ова лудило што ни се случува од страна на Грција, рече претседателот на Владата на Република Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе помогне од Белград да пристигнат во Скопје досиејата за потребите за реализација на Законот за лустрација, премиерот Груевски дециден дека надлежните институции не само што имаат одврзани раце, туку и охрабрување да го направат тоа.

- Комисијата за лустрација е најстручна и компетентна и таа треба да ги даде насоките што треба да се направи, рече македонскиот премиер.

Во однос на последните случувања на релација ДУИ - ДПА поврзани со лустрацијата, Груевски посочи дека од коалицискиот партнер ДУИ има најави оти ќе бараат расчистување по институционален пат, и тоа, подвлече, треба да се остави да заврши.

Премиерот Никола Груевски ги демантираше информациите од некои медиуми дека има несогласувања со шефот на неговиот Кабинет Мартин Протоѓер, како  и незадоволство во ВМРО - ДПМНЕ од неговото работење. - Протоѓер редовно доаѓа на работа и немаме никакви проблеми, нагласи премиерот Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...