Не може да се оспори правото на Македонците да бидат Македонци

Стразбур, 19 октомври 2010 (МИА) - Нема ниту една држава, ниту една влада и ниту една сила која може да им го оспори правото на Македонците да бидат Македонци бидејќи човековите права се посилни и потрајни од минливоста на одредени влади или политичари, рече претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во обраќањето на церемонијата во Советот на Европа во Стразбур по повод одбележувањето на 60-годишнината од усвојувањето на Европската конвенција за човекови права.
Тој во име на македонското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа, посочи дека во Македонија преку Охридскиот рамковен договор не само што се почитуваат, туку и се надградуваат воспоставените стандарди на Конвенцијата.
Иванов, јави известувачот на МИА од Стразбур, нагласи дека дел од овие принципи во некои европски институции не се применуваат кон граѓаните на Република Македонија, пред се поради политички притисок од една земја-членка.
- Денес сум горд и како претседател на Република Македонија, но и како Македонец што во името на сите држави-членки на Советот на Европа можам да ги испратам благородните пораки за промоција на човековите права во Европа токму на мојот мајчин македонски јазик, истакна Иванов.
За Европскиот суд за човекови права да функционира, нагласи тој, за исполнување на неговата цел, неопходно е неговите одлуки да бидат во целост почитувани и спроведувани од сите земји-членки.
- Мора да се зајакне улогата на Судот и на Комитетот на министри за да се стави крај на непочитувањето на Европската конвенција за човекови права од одредени земји-членки, додаде Иванов.
Во пресрет на денешното одбележување, претседателот Иванов синоќа во придружба на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски присуствуваше на свечената вечера што по повод големиот јубилеј ја приреди домаќинот, генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд, а на која присуствуваше и генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун и претставници од 47 земји-членки на СЕ.
Во рамки на одбележувањето денеска ќе се одржи панел дискусија за иднината на човековите права во Европа со која ќе претседава претседателот на Судот за човекови права Жан Пол Коста, а ќе учествуваат и првите луѓе на надлежните тела на СЕ за борба против трговијата со луѓе, расизам и нетолеранција, тортура и нечовечки третман, социјални права и заштита на националните малцинства и малцинските јазици.
Европската конвенција за човекови права е усвоена од новоформираниот Совет на Европа во Рим на 4 ноември 1950 година, а стапи во сила на 2 септември 1953 година. Конвенцијата се базира на Општата декларација за човекови права на Обединетите нации од 1948 година. Конвенцијата претставува рамка за заштита и почитување на човековите права и основните слободи. Со неа се поставени и основите за Европскиот суд за човекови права. Потписници на конвенцијата се сите 47 земји-членки на СЕ. Тие се обврзани да создават услови за гарантирање и заштита на човековите права и слободи и да ја почитуваат надлежноста на Европскиот суд за човекови права.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...