Жена се удавила во Вардар кај Гостивар

Гостивар, 21 октомври 2010 (МИА) - Мртво тело на жена на возраст од четириесетина години е извлечено од Вардар на излезот од Гостивар. Идентитетот на жената не е утврден.

Телото на жената, во водите на Вардар во непосредна близина на градскиот стадион, била забележана од вработени во гостиварската болница. Тие тврдат дека се уште била жива , но не можеле да и помогнат, бидејќи, водата брзо го носела телото. Очевидците ја алармирале полицијата која подоцна го нашла телото во атарот на населбата Мало Турчане, на место каде Вардар тече помирно.

Полицијата, заменик јавен обвинител, истражен судија и екипи на крим техника вршат увид и работат на утврдување на околностите кои довеле до давење на жената.

Првично се знае дека жената во водите на Вардар паднала на најмалку 3 километри оддалеченост од местото каде е најдена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...