Да се спречи злоупотребата на визната либерализација

Скопје, 21 октомври 2010 (МИА) -  Евроамбасадорот Ерван Фуере изјави дека од македонските власти било побарано да преземат чекори за да се спречи злоупотреба на визната либерализација и манипулацијата со граѓаните од одредени нелегални или полулегални туристички оператори кои ги дезинформираат дека користејќи ја либерализацијата можат во европските земји и таму да останат.

- Во однос на индикациите за злоупотреба на процесот на визна либерализација апелиравме уште еднаш до властите, како што тоа го направивме уште на почетокот кога стартуваше визната либерализација, да изнајдат начини за справување со нелегалните или полулегалните туристички оператори кои што ги злоупотребуваат луѓето ветувајќи им дека ќе ги однесат во ветените дестинации, само со цел да им ги земат парите, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере денеска на маргините на промоцијата на проектот „Натамошно зајакнување на институционалните капацитетите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители“ финансиран од ЕУ.

Тој додава дека ова прашање доаѓа во непријатен момент со оглед на фактот што токму сега во ЕУ се разговара за проширување на самата визна либерализација со цел да опфаќа и други земји од Западен Балкан.

Сепак, Фуере вели дека прашањето на злоупотребата на визната либерализација го отвора и прашањето за условите во кои живеат луѓето овде, поради кои и се одлучуваат да заминат во европските земји.

- Ова прашање сепак не е ограничено само на прашањето за визна либерализација или патувањето надвор, туку отвора прашање и за условите во кои живеат луѓето овде, во однос на патната инфраструктура, во однос на работните места кои се отвораат и сметаме дека токму во овие сфери Владата треба да инвестира повеќе се со цел тие граѓани да не бидат привлечени да заминат од местата каде живеат, потенцираше евроамбасадорот Фуере.

Вчера и денеска во Македонија престојува белгискиот државен секретар за за буџет, азил и миграција и семејни работи  Мелкиор Ватле, кој на македонските власти им ги пренесе истите поради - да не се злоупотребува визната либерализација, да се спречи новиот бран мигранти од Македонија во Белгија, а македонските граѓани да се информираат оти нема никакви шанси да добијат политички или економски азил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...