Позитивна реакција за барањето за пристап до досијеата

Белград, 21 октомври 2010 (МИА) - Српскиот претседател Борис Тадиќ позитивно реагирал на барањето што го упати до него вчера неговиот македонски колега Ѓорѓе Иванов, во рамки на добрата соработка преку процесот на сукцесија и соодветни процедури Србија да даде поддршка во остварувањето на актуелните процеси во Македонија, како што е лустрацијата.

Тадиќ, јави известувачот на МИА, посочил на почитување на договорот за сукцесија и на соработка на институциите кои имаат надлежност во спроведување на оваа постапка.

Претседателот Иванов, кој од вчера е во официјална посета на Србија, на средбата со Тадиќ во Белград го отвори прашањето за пристап до досиејата од белградските архиви што на Македонија и се потребни за спроведување на процесот на лустрација.

- Го отворивме прашањето кое за нас во Македонија е многу актуелно, особено вклучено во делот од сукцесијата кое се однесува на заедничките архиви за да можат нашите надлежни институции да се обратат согласно принципите од сукцесијата до органите односно институциите во Србија каде се архивите од заедничката држава. Така ќе можат да ги користат како документи кои се неопходни во одредени актуелни процеси во нашата држава, изјави Иванов по средбата со Тадиќ.

Шефот на македонската држава денеска оствари средба и со претседателот на опозициската Српска напредна партија Томислав Николиќ. Разговарале за севкупната соработка меѓу двете земји, кои и покрај фактот што имаат различни позиции по одредени прашање, треба да имаат тесна севкупна соработка.

Иванов за време на престојот во Србија се сретна и со српскиот премиер Мирко Цветковиќ и со претседателката на Народното собрание Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

Генерална оценка од средбите со сите соговорници е дека различните позиции никако не смеат да бидат пречка за натамошна соработка. Дел од активностите на Иванов при посетата беа и средбата со претставници на Националниот совет на македонското национално малцинство и посета на подружницата на фармацевтската компанија „Алкалоид“ во Белград.

Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов попладнево ја заврши посетата на Србија со средба со професори од Факултетот за политички науки во Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...