Во Брисел средба Груевски - Папандреу

Брисел, 29 октомври 2010 (МИА) - Средбата меѓу двата премиера беше конструктивна, а разговорите позитивни, но неопходни се повеќе средби и продолжување на дијалогот за да се надмине проблемот, оцени Средбата меѓу двата премиера беше конструктивна, а разговорите позитивни, но неопходни се повеќе средби и продолжување на дијалогот за да се надмине проблемот, оцени министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по вечерашните разговори на претседателите на владите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу, во Брисел.

Тој рече дека се разговарало за повеќе теми од политика, економска криза, регионални прашања, но оти најголем дел од времето бил посветен на македонско-грчкиот билатерален спор.

- Сметам дека разговорите можат да се оценат како позитивни. Ќе требаат уште многу средби и ќе треба продолжение на овој македонско-грчки дијалог за да може во иднина секоја следна средба да биде прилика за надминување на одредени разлики кои постојат. Важно е што и кај македонскиот и кај грчкиот премиер постои политичка волја на ова прашање сериозно да му се пристапи со цел да доживее одреден напредок кој би можел да значи разрешувње на овој билатерален проблем, изјави Милошоски по средбата.

Средбата, првично закажана за вчера, на барање на грчката страна, беше два пати одложувана поради обврски на Папандреу околу состанокот на Европскиот совет.

Тоа е седми тет-а-тет состанок на двајцата премиери по доаѓањето на Папандреу на чело на Владата на Грција. Досегашните, покрај заложбите за подобрување на билатералните релации, не донесоа напредок во решавањето на прашањето за името.

Премиерот Груевски и министерот Милошоски по средбата со Папандреу заминаа на средба со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Тој вчера во Брисел разговараше и со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон и со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Македонија е подготвена и има силна волја за надминување на билатералниот спор за Грција околу уставното име под покровителство на ОН со решение што ќе биде прифатливо за народите во двете земји, истакнал Груевски на средбите Ештон и Рсмусен. Ја повторил определбата и посветеноста на Владата кон највисоките надворешно-политички приоритети - членството во НАТО и ЕУ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...