ЕК ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија во 2010

Брисел, 9 ноември 2010 (МИА) - Европската комисија денеска ќе го објави извештајот за напредокот на Република Македонија во 2010 година. Според најавите од Брисел и очекувањата на македонските власти, извештајот генерално ќе биде позитивен и ќе го нотира прогресот што го направи земјата, но и областите каде се уште нема доволен напредок.
 
Во документот ќе биде укажано дека Македонија продолжува со исполнување на политичките критериуми, но треба да направи дополнителен прогрес во однос на дијалогот меѓу политичките актери, реформите на судството и јавната администрација, борбата против корупцијата, подобрувањето на бизнис опкружувањето и слободата на изразувањето. Европската комисија останува на ланската препорака за отворање на пристапните преговори со Македонија за членство во ЕУ.

Комисијата оценува дека годинава, генерално, има прогрес во земјите кандидати членство во ЕУ, но оти е забележано и забавување на дел од реформите. Фокусот треба да се стави на доброто владеење, подобрување на владеењето на правото, забрзување на економските реформи и зголемување на капацитетот за имплементација на европското законодавство.

Остануваат, како што се посочува, неколку сложени проблеми, вклучувајќи ги функционирањето на институциите во Босна и Херцеговина, прашањето за името на Македонија и разликите во врска со статусот на Косово. Европската комисија повикува билатералните прашања да бидат решени од засегнатите страни во духот на добрососедство и да не бидат ставани на маса во процесот на пристапување на земјите во ЕУ. Помирувањето и регионалната соработка се наведени како клучни елементи за стабилност на регионот и за прогрес кон полноправно членство во ЕУ.

Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека очекува извештајот на Европската комисија реално да го рефлектира сработеното и да се потврди ланската препорака за старт на преговорите за членство во ЕУ.

- Очекувам извештајот да даде оценка што ќе ги рефлектира сите наши напори и енергија кои беа вложени во минатиот период и да биде на некој начин реален показател за она што го направивме и валоризација на нашиот досегашен труд. Очекувам да се потврди и да продолжи препораката од Европската комисија за почеток на преговори со Република Македонија, рече Груевски.

Тоа, според него, би значело дека и понатаму Европската комисија смета дека државата политички, економски и културолошки е дојдена на ниво да може да ги започне преговорите за полноправно членство во Унијата.

Конечната формална верзија на извештајот за Македонија и за другите земји кандидати и аспиранти за членство, заедно со Стратегијата за проширување, Европската комисија треба да ги усвои денеска, по што еврокомесарот за проширување Штефан Филе ќе ги објави попладне на прес-конференција во Брисел.

ЕК покрај извештаите за земјите од Западен Балкан и Стратегијата за проширување, ќе ја објави и Финансиската рамка за поддршка на кандидатите и потенцијалните кандидати за членство за периодот 2010-2011 година.

Извештајот за Македонија, по објавувањето во Брисел, ќе биде презентиран и во Скопје од евроамбасадорот Ерван Фуере, кој документот ќе им го достави на премиерот Никола Груевски и на претседателот Ѓорге Иванов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...