ЕК констатира прогрес во реформите, но и области каде е потребна дополнителна работа

Брисел, 9 ноември 2010 (МИА) - Македонија продолжува со задоволително исполнување на политичките критериуми. Комисијата ги нагласува своите препораки дека преговорите за пристапување кон ЕУ треба да се отворат. Сепак, едногласно е мислењето дека за почнување на преговорите потребно е заеднички прифатено и во преговори постигнато решение за прашањето за името под покровителство на ОН, соопшти еврокомесарот за проширување Штефан Филе на прес-конференција во Брисел, објавувајќи ги извештаите за напредокот на земјите кандидати и аспиранти за членство во ЕУ за 2010 година.

- Македонија продолжува задоволително да ги исполнува политичките критериуми. По значајните реформи во 2009 година, забележан е натамошен прогрес, иако со нееднакво темпо, стои во Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.

Во делот на политичките критериуми се посочува дека владината коалиција е стабилна и има соработка меѓу политичките сили.  Постигнат е одреден прогрес во однос на реформите поврзани со Собранието, полицијата, судството, јавната администрација и почитувањето и заштитата на малцинства. Неопходни се дополнителни напори во повеќе области поврзани со политичките критериуми, особено во однос на независноста на судството, реформите на јавната администрација, слободата на изразување во медиумите. Потребно е и зајакнување на политичкиот дијалог.

Охридскиот договор останува суштински елемент за демократијата и владеењето на правото во државата. Извесен прогрес има во имплементацијата на Законот за јазиците кај децентрализацијата и соодветната застапеност, но потребни се континуирани напори низ дијалог да се исполнат целите од договорот и да се обезбеди негова целосна имплементација. Што се однесува до реформите во Парламентот се наведува дека постигнат е натамошен прогрес со усвојувањето на новиот Деловник и со воспоставувањето на парламентарниот институт како мерка за јакнење на институционалниот капацитет на Законодавниот дом. Сепак, се посочува, меѓуетничкиот дијалог беше попречен од неуспехот на релевантниот парламентарен комитет редовно да заседава.

Во однос на функционирањето на јавната администрација се констатира одреден прогрес при што се посочува дека потребни се натамошни значајни напори за да се обезбеди транспарентност, професионализам и независност на услугите кон граѓаните. Во извештајот, меѓу другото, се нотира политичко мешање во вработувањето и унапредувањето во јавната администрација на сите нивоа. Се сугерира натамошно унапредување на законската рамка особено во однос на правилата за вработување според мерливи критериуми. Извештајот нотира и дека процесот на трансформација на големиот број привремени вработувања во постојани во повеќе случаи не бил согласно бараните критериуми.

Во однос на економските критериуми, се истакнува дека Македонија продолжува добро да напредува. Во некои области направен е натамошен прогрес кон создавање функционална пазарна економија, намалување на трговските бариери и подобрување на судството со цел поефикасно постапување со економски предмети. За да може на среден рок да се носи со конкуренцијата и пазарните притисоци во ЕУ неопходни се натамошни реформи за зајакнување на правниот систем и намалување на регистрираните структурни слабости. Се посочува дека македонската економија забележа мал пад поради малата изложеност на финансиските институции на штетните од меѓународните финансиски движења, нискиот прилив на странски капитал и стабилниот јавен сектор. Монетарната и фискалната политика се стабилни, балансираноста на надворешно трговската размена е подобрена и има благо зголемување на извозот, а намалување на увозот.

Структурните реформи продолжуваат иако се уште е многу висока  стапката на невработеност особено меѓу младите и лицата со пониско образование. Извесен напредок е постигнат во однос на справување со институционалните слабости и на намалување на препреките за влез и излез на пазарот. Но одредени слабости во владеењето на правото продолжува да имаат негативно влијание во бизнис климата и приливот на директни странски инвестиции.

Република Македонија, се констатира во Извештајот, одреден прогрес постигна во унапредување на своите способности да ги преземе обврските кои произлегуваат од членството во ЕУ, особено во однос на слободното движење на стоки, законодавството за компаниите, финансиските услуги и правдата, во однос на слободата и безбедност. Помал прогрес е постигнат во некои други области како јавните набавки, информатичкото општество и медиумите, како и социјалните политики и вработувањето. Натамошен прогрес постигнат е во исполнувањето на приоритетите од Партнерството за пристапување. Сепак, се додава, доплнителни напори се неопходни за да се зајакнат административните капацитети за имплементирање и спроведување на законите.  

Меѓу другото, во делот на јавните набавки се посочува дека Бирото за јавни набавки усвоило стратегија за развој на системот за јавни набавки, како и дека легислативата за концесиите и јавно приватните партнерства не е во согласност со Акито. Се нотира дека административните капацитети за спроведување на правилата на јавни набавки на оперативно ниво се уште не се доволни. Натамошни напори, се наведува, се потребни и во однос на спроведувањето на Националната стратегија за интелектуална сопственост, и на зајакнатата легислатива во оваа област.

Нееднаков прогрес е констатиран на полето на информатичкото општество и медиумите. Потребно е да се обезбеди стабилно финансирање на јавниот радиодифузен сервис и на Советот за радиодифузија, а и законите во медиумската сфера се уште не се во согласност со директивите на ЕУ.

Слободата на изразување генерално останува добро заштитена. Забележан е одреден прогрес во обезбедувањето транспарентно, независно и разновидно медиумско опкружување.

- Процесот на добивање медиумски лиценци е под влијание на економските и политичките интереси. Медиумите остануваат поделени по етнички и политички линии, а забележана е и самоцензура. Сопственоста на печатените медиуми се уште не е транспарента и е висококонцентрирана. Нема саморегулирачки механизми за мониторинг на професионалните стандарди. Регистрирани се случаи на обвинувања и судски казнувања на новинари, како и заплашувања, политички притисок и закани кон нив, што е загрижувчки, нотира документот.

Прогрес е забележан во областа на земјоделството и руралниот развој при што се констатира зајакнатост на оперативните структури за АФСАРД и ИПАРД фондовите, додека се сугерира натамошно јакнење на капацитетите на останатите административни тела.

Во секторот на енергетиката исто така се нотира одреден прогрес. Се посочува дека е усвоена новата енергетска стратегија. Сепак, новиот обемен Закон за енергетика останува да биде применет. Цената на електричната енергија не ги одразува во целост трошоците, а се посочува, меѓу другото и дека се уште нема конечна разрешница на спорот со ЕВН. Регулаторната комисија за енергетика потребно е да стане реално независна, се вели во Извештајот.

Ограничен прогрес има во делот на судските реформи и заштитата на основните права, а извесен прогрес има и во борбата против корупцијата. Се констатира, меѓу другото, дека Судскиот совет и Советот на јавните обвинители треба да осигураат високи стандарди на независност и објективност на судството во пракса.

Во областа на правдата, слободата и безбедноста, солиден прогрес се констатира во однос на азилот, визната политика, надворешните граници и Шенгенот. Зголемувањето на бројот на баратели на азил во ЕУ што се случи на почетокот од имплементацијата на визната либерализација доби соодветен третман. Сепак, се посочува, регистриран е нов бран на азиланти во август и септември, поради што властите во земјата треба да продолжат со инфрормирање на граѓаните за правата и обврските кои произлегуваат од безвизниот режим.

Во Извештајот напишан на 82 страници, прогрес е забележан и во областа на надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Земјата ги почитува повеќето од декларациите на ЕУ и заедничките ставови и покажува постојана посветеност да учествува во операциите на заедничката безбедносно-одбранбена политика, се наведува, меѓу другото, во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во 2010.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...