Нема план „Б“ за патот на Македонија кон ЕУ

Брисел, 9 ноември 2010 (МИА) - Еврокомесарот Штефан Филе пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, изјави дека не го изгубил ентузијазмот кога станува збор за можното решение за спорот со името, кој го блокира патот на Македонија кон Европската Унија. 

- Контактите меѓу двата премиери можат да донесат промени и решение на проблемот со името, нагласи Филе одговарајќи на прашањата на европратениците и додаде дека не сака да се впушта во дискусија која од двете страни во спорот е во право или не.

Тој притоа испрати пораки до премиерите на Грција и на Македонија Јоргос Папандреу и Никола Груевски  дека треба да бидат свесни за влогот кој е во игра. На грчкиот премиер му порача оти „се надева дека ќе сфати колку ова прашање ја одразува неговата позиција за европската интеграција на земјите од Западен Балкан“, додека на неговиот македонски колега оти треба да знае дека за Македонија „нема план Б!“.

Еврокомесарот задолжен за проширување изрази подготвеност ако тоа се побара во преговорите што се водат меѓу двете земји да се вклучат како актери тој заедно со претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо и да дадат нивен придонес.

- Но, се додека овај процес се води директно од двајцата премиери јас сум оптимист дека во блиска иднина ќе биде најдено решение за името, заклучи Филе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...