Антикорупциска бара кривично гонење на Црвенковски за „Надеж“

Скопје, 10 ноември 2010 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата од Јавното обвинителство ќе побара да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на поранешниот претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски и одговорни лица во неговиот Кабинет во врска со случајот „Надеж“, односно за склучениот договор со тројца словенечки експерти за изработка на ПР стратегија, вредна 340.000 евра, без притоа да биде спроведена постапка за јавни набавки.

Комисијата, како што информира на денешната прес-конференција нејзиниот претседател Илми Селами, ја донела таквата одлука на вчерашната седница откако ги прегледала документите добиени од кабинетите на актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов и на поранешниот претседател Црвенковски. Антикорупциската комисија констатирала дека претседателот на Република Македонија во време кога претседателската функција ја извршуваше Бранко Црвенковски, без спроведување постапка за јавна набавка, ангажирал тројца консултанти од Република Словенија.

На таков начин, според Селами, е прекршен Законот за јавни набавки што, пак повлекува незаконско и ненаменско трошење средства, а со тоа и злоупотреба на службената положба и овластување. 

- Кога сте во позиција да имате обезбедени средства за да спроведете некакви активности тие средства, било да станува збор за претседател на држава или друг државен орган кој согласно закон за јавни набавки е договорен орган, не смее  да ги потроши на свој начин како нему ќе му се допадне бидејќи во државата има утврдени правила за тоа. Ако станува збор за јавни набавки се знае колку средства и во која постапка можат да се потрошат. Во овој случај кога има многу консултантски куќи и во државата и надвор не може да не спроведете јавни набавки со оправдание дека само тројцата избрани можат да ги дадат услугите. Тоа отвора сомнеж и имплицира можност за евентуална злоупотреба на средства и на вашата положба, бидејќи ако има злоупотреба на средства има злоупотреба и на службената положба, рече Селами.

Според него, тврдењата дека за набавка на услуги од ваков тип не се применува Законот за јавни набавки не држат бидејќи законските решенија кои предвидуваат исклучоци во неговата примена важат само за случаи кога таквата услуга во земјите или во странство може да ја пружи само еден субјект - давател на услуга.

Тој додаде дека ангажирањето на тројцата консултанти се вршело без утврдени критериуми кои евентуално би требало да бидат исполнети. - Не може да се констатира зошто за цело време токму овие тројца консултанти биле ангажирани  кои ги препорачал на Кабинетот, која била врската за да се дојде до нив и од каде информацијата на Кабинетот дека токму тие можат да работат за нивните потреби, истакна Селами посочувајќи притоа дека критериуми не биле утврдени ниту за висината на средствата кои биле потребни за исплата на ангажираните консултанти, поради што останува отворено прашањето кој, како и врз основа на што утврдил колку вреди трудот и колку за сработеното ќе им се исплати на консултантите.

Експертите, според Селами, биле ангажирани без спроведена јавна набавка девет месеци од 2007, целата 2008 и четири месеци од 2009 година за што редовно се обезбедени и им се исплатени средства предвидени во договори за соработка склучени меѓу нив и Кабинетот на претседателот.

- Од расположливата документација се констатира дека не постои некаков евалуациски документ со кој би се докажала оправданоста на исплатените средства за сработеното. Не може да се утврди дали и колку Кабинетот бил задоволен од работата на сработеното од страна на консултантите, истакна Селами.

Со оглед на изнесеното, додава тој, ДКСК не се убеди во законското и оправдано трошење на средствата и има доволно основи за сомневање дека исплатените средства во овој случај се незаконски и ненаменски потрошени, поради што се одлучи да се покрене иницијативата. Одлуката Комисијата ја донела со четири гласа за и три против.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...