ДУИ нема врска со приведувањето на Хисен Муслиу

Скопје, 23 ноември 2010 (МИА) - Заменик претседателот на Владата Абдилаќим Адеми и висок функционер во ДУИ, денеска негираше дека по сугестија на неговата партија е приведен Хисен Муслиу, поранешен функционер во Службата за државна безбедност во рамките на истрагата за досиејата поврзани со високи претставници на ДУИ, и упати одговори да се бараат од МВР и судските власти.  

- Нашиот став од почеток беше дека државните институции треба да ја расчистат до крај оваа афера и затоа би ве упатил прашањата да ги упатите до Министерството за внатрешни работи и до македонското судство, изјави Адеми.

Тој демантираше дека претставници на ДУИ посочиле на Муслиу по што тој е приведен, како што објавија одредени медиуми.

- Тоа не е точно и токму затоа кажав дека треба да се обратите до МВР, рече вицепремиерот одговарајќи на новинарско прашање по средбата со евроамбасадорот Ерван Фуере во Владата на Република Македонија.

Фуере оцени дека прашањето за лустрацијата не треба да се политизира туку да се третира на многу сензитивен начин. 

- Во сите држави досега се покажа како сензитивен процес и тоа не треба да биде дел од политичките агенди. Треба да им се дозволи на судските органи да си го направат своето, рече евроамбасадорот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...